Свингерски живот на Балканот: Во просторијата за секс, непријатна топлина, мирис на ванила додека се слушаат само стенкања од сите страни

Каков е животот кога вратите се затворени и влегуваш во сосема поинаков свет кој не си знаел дека постои, а се наоѓа во центарот на Нов Белград? Вака ја започнала својата приказна една новинарка чија љубопитност ја однела на местото каде луѓето го „сакаат тоа малку поинаку“.

klub-svingeri-03

- Мојот пријател сосема случајно запозна свингери на една забава и тие не поканија во клуб, вели новинарката.

Но, тоа не било обичен клуб, туку место кое преку ден е фабрика, а навечер е нешто сосема друго. Тоа не е место каде се влегува туку така, па тие со нивната покана добиле отворени врати, а новинарската љубопитност не можела да ја скроти и решила да го истражи местото каде буквално имало порно филм во живо.

На влезот ве дочекува домаќинката, згодна црнка во 40-те години, облечена само во црна мрежа. Изгледа толку добро што секој би си создал комплекси. Потоа следува запознавање со сопственикот Гокси.

- Јас и сопругата сме свингери со години, тоа таму е мојот син, вели тој нагласувајќи дека ова за нив е сериозен фамилијарен бизнис. Во клубот нема никаква присила, паровите плаќаат за пијачка и до 20 евра.

- Ако некој и пријде на жена и таа каже „не“, тоа е тоа, тука се е на доброволна основа, сексот не се плаќа, раскажал средовечниот маж, кој со овој бизнис започнал во странство. Тие започнале со 43 парови во еден стан, а сега бројот на членовите пораснал до 700, па затоа и одлучиле да го отворат "клубот".

Луѓето кои се членови на тоа гледаат како на авантура и освежување на бракот. Секоја вечер групен секс, заедно со твојот партнер, можеш да бираш, а да немаш впечаток дека изневеруваш.

Црвени завеси и огромни душеци од едниот до другиот крај на ѕидот и огледалото го сочинуваат целиот инвентар на клубот кој е поделен во три дела. Првиот е со шанк и барски столици, другиот е стриптиз бар, а во третиот се случува вистински порно филм.

На овие забави доаѓаат луѓе кои секој ден ги гледате на работа, на пазар. Разликата е во тоа што тука никој не се срами и не е осудуван за годините и изгледот. Сите се подготвени за акција и тоа има секаква возраст од 18 до 70 години. На сите страни садо мазо реквизити, бич, маска и лисици… Тушеви и полици со стотици кондоми. Паровите почнуваат да се загреваат со стриптиз, а еден по еден се предаваат на жешката игра.

Во просторијата за секс, непријатна топлина, мирис на ванила додека се слушаат само стенкања од сите страни. Експлицитни сцени од сите страни, секој со секого се задоволува и така се до утринските часови...

Храбар потег: Ја сретнал на фонтана и веднаш ја бакнал!

Минатиот петок дечко бакнал на улица млада девојка од Ријека. Ништо необично за една петочка вечер. Но, тој бакнеж оставил толку силен впечаток на девојката па таа решила да го бара дечкото по секоја цена.

– Беше кратко, но незаборавно. Дечкото е со кафеава коса, а носеше црна кожна јакна, раскажа девојката.

Како што раскажува девојката, таа и три нејзини другарки се сретнале на плоштад во Ријека, кога кај фонтаната им пришол млад дечко и ја бакнал девојката. Веќе во понеделникот изутрина таа јавно кажала дека сака момчето да и се јави, при што порталот РијечанИн ја одиграл улогата на посредник.

– Ние четири излеговме во петокот на 8ми март да прошетаме, а малку и да се напиеме. Кај фонтаната на плоштадот Коблер другарка ми на шала ме испрска со вода и јас целата бев мокра. Во тој момент дојде еден дечко, ми кажа дека сум многу убава и ме бакна. Но, набрзо си замина, а јас не стигнав ни да го прашам како се вика. Сега го барам, сакам да го запознаам бидејќи тој и неговиот потег многу ми се допаднаа – раскажа девојката за РијечанИн.

Мистериозниот заводник не чекаше долго за да се јави. Имено 19 годишното младо момче со иницијали П.Ј., кого редакцијата го нарече Петар, набрзо се јавил и кажал дека тој ја бакнал девојката.

Еве како романтичниот краток состанок изгледа од негов агол:

– Бев излезен со другарите и бевме доста весели. Знаете како оди тоа кога ќе се опуштиш за време на викендот. Здогледав една група на прекрасни девојки и пријдов на најубавата и ја бакнав. Бевме секој со своето друштво и немавме време да поразговараме подолго. Кога го видов нејзиниот повик денеска, без многу размислување одлучив да и се јавам – раскажа „Петар“.

А заклучниот коментар за РијечанИн го даде и младата девојка:

– Среќна сум зошто го пронајдовме момчето кое беше заслужно за еден прекрасен и романтичен момент. Веќе се слушнавме и во најбрзо време се надевам дека ќе излеземе на кафе и ќе се запознаеме подобро. Јасно ми е дека овој наш необичен потег, потрага по дечко, многумина го протолкуваа и како шала, но мене навистина драго што преовладуваа позитивни коментари и дека секогаш треба да бидеш упорен во нешто што сакаш да го оствариш.

Зошто љубовта секогаш доаѓа кога најмалку очекуваме?

Сите сме поминале низ тешки периоди кога ни недостасувала љубов и сме се чувствувале осамени. И после сите тие фази секогаш следи период во кој се чувствуваме дека се е можно во нашиот љубовен живот.

Дали сте забележале како одеднаш сѐ се менува и добиваме покани за излегување секогаш кога изгледа дека сме среќни со нашиот самечки живот? Зошто секогаш запознаваме некого баш во моментот кога се откажуваме од барање?

Независноста е привлечна

Независноста не значи да сакаш нешто што не можеш да го имаш. Независноста значи да ти биде удобно во своја кожа.

Очајот не е привлечен

Кога премногу се трудиме и постојано не успеваме – тоа нѐ исцрпува. Се чувствуваме одбиено и несакано. И тоа ќе се одрази на нашиот изглед. На нашето лице, на нашето тело и на говорот на нашето тело. Тешко е луѓето да го видат најдоброто во нас, кога ова е единствената страна која ја гледаат. А луѓето можат да намирисаат очај од голема далечина. Затоа, не се трудете толку многу.

Премогу размислуваме

Понекогаш, кога мислиме на нашите проблеми, можеме да ги поправиме. Но, кога станува збор за љубовта, ова може да е контра-продуктивно. Ја бараме секоја можна маана, затоа што не сакаме да си го губиме времето. И на крај ги преувеличуваме и најмалите проблеми, а тоа нѐ спречува подобро да ја запознаеме другата страна.

Кога престануваме толку силно да бараме некој друг, се запознаваме подобро себеси

Запознавањето на работите кои ги сакаме нѐ прави среќни. Ние ги следиме нашите сопствени интереси и активности, затоа што ги сакаме. И тоа нѐ прави задоволсни. И среќата која тоа ја носи со себе е заразна, го брише очајот и прави да престанете толку многу да анализирате.

Кога се фокусираме на нашите страсти, запознаваме луѓе кои ни се слични и така се зголемуваат шансите да запознаеме некого

Многу често се поврзуваме со некого токму затоа што имаме заеднички работи. Па затоа, кога правиме нешто што сакаме, ние сме на правото место за запознавање на прави луѓе. Секако дека не ги правиме тие работи за да запознаеме некого, но сепак поголеми се шансите да се случи тоа без да го бараме тоа.

Кога престануваме да се замараме толку, делуваме поопуштени и полесни за комуникација

Тоа е затоа што сме такви. И не, животот не си подигрува со нас, туку едноставно треба повеќе да се фокусираме на нашите животи и интереси. И секогаш се случува тоа кога ќе престанаме да бараме.

Популарно