„Шкода“ ги објави првите технички детали и новите рендери од дизајнерската студија „ВижнЦ’ (VisonC) од која може да се направи купе лимузина „Октавиjа“.
Концепциски, „ВижнЦ“ се додава на сличните модели од другите производи на групацијата „Фолксваген“. Станува збор за автомобил што во себе треба да ги сплоти елеганцијата и пространоста на луксузните лимузини и спортскиот имиџ на купеата.
„Шкода“ се определи за варијантата со пет врати, по што е поблиска со моделите „Ауди А5“ и „А7 Спортбек“, отколклу до „Фолксваген ЦЦ“, кој место врата на багажникот има класичен гепек-капак. На овој начин се заддржува функционалноста и практичноста на една „Октавиа“ кога станува збор за пристап до багажниот простор.
Сепак, оваа особина не е најважната за „ВижнЦ“. Тоа по што овој автомобил плени е стилската разработка и унапредувањата на класичниот дизајн на „Шкода“. Како што велат од чешкиот производител, идејата била да се конструира возило што ќе биде визуелно „поизразено, подинамично и кое кај набљудувачите ќе пробуди посилни емоции“.
Заддржани се острите, правоагаолни линии на „Шкода“, но со многу нови детали во кои доминира геометрискиот мотив на триаголникот. Тоа е особено воочливо во формата на фаровите и светлата за магла.
Изгледот на задниот дел, со стоп светла во форма на бумеранг, е дефиниран со интересните „прекршувања“ на вратите на багажникот, го прават „ВижнЦ“ да има единствена појава.
„Шкода“ за сега не прикажа како ќе изгледа внатрешноста на автомобилот, но наведе дека кабината ќе обезбедува удобно сместување за четири возрасни патници и нивниот багаж.
Концептот „ВижнЦ“ е поставен на платформата „Фолксваген MQB“, на која меѓу останатите е темелена и новата „Октавија“, а за погон е избран 1.4-литарскиот ТСИ турбо-мотор што освен бензин како гориво ќе може да користи и копримиран природен гас. Моторот е во состојба да произведе 110 кс (81 кW), а кога се вози на гас троши 3,4 килограми од овој енергенс на 100 километри и емитува 91 грама ЦО2 на килоентар.
Студијата е замислена на начин што ќе ги задоволува еколошките стандарди кои ЕУ ги пропиша за 2020 година.
Официјалната премиера на концептот „ВижнЦ“ е закажана за „Салонот на автомобили“ во Женева.