Victoria’s Secret ја претстави својата најнова кампања во која ангелите Адриана Лима, Елса Хоск, Џозефин Скривер, Тејлор Хил и Роми Стриџд ни откриваат што се носи во теретана.
Тие ги претставуваат најновите парчиња спортски градници и хеланки кои изгледаат удобно но во исто време шик и секси.
Погледнете ја галеријата и видеото кое брендот го сработи за промоција на новата кампања со која го зајакнува здравиот и спортски дух.