Албанска платформа: Кога цела држава е заложник на 20% од населението

Политичката ситуација во Македонија веќе две години е неиздржлива. Без разлика дали сте симпатизер на една од двете опции или неутрални, нема дел во општеството што остана недопрен од кризата. Политичката битка меѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ од институции се излеа и на улици, па се врати на гласачки кутии, за сега да биде заглавена во преговори за парламентарно мнозинство, чиј клуч го имаат албанските партии, посебно ДУИ. Токму фактот дека ДУИ и останатите во албанскиот политички блок, го имаат „џокерот“ за победа ги замолкна „стручњаците“, „експертите“, „куририте“ и „соросоидите“, па речиси никој не напиша ништо за Платформата на албанските партии во Македонија. Ултиматумот без кој тие решија да не подржат никого за „доброто на Македонија“. Барем така велат, иако ништо во „платформата“ не зборува за Македонија.

Во продожение ќе ги анализирам (за мене) најинтересните точки од ултиматумот, а вие целиот можете да го прочитате ТУКА.

1. Постигнување целосна рамноправност во согласност со Охридскиот Договор и Уставот

– Постигнување целосна јазична еднаквост, употребата на албанскиот јазик на сите нивоа на власта и гаранција за неговата примена како фундаментално и уставно право. Уставот на Република Македонија треба да утврди дека „македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик со неговото писмо се официјални јазици во Република Македонија”.

Еве што вели Уставот, по промената во 2001 година и потпишувањето на Рамковниот договор:

На целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.

Друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, исто така, е службен јазик и неговото писмо, како што е определено со овој член.

Личните документи на граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, се издаваат на македонски јазик и неговото писмо, како и на тој јазик и неговото писмо во согласност со закон.

Кој било граѓанин кој живее во единиците на локалната самоуправа во која најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, во комуникацијата со подрачните единици на министерствата, може да употреби кој било од службените јазици и неговото писмо. Подрачните единици надлежни за тие единици на локална самоуправа одговараат на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на службениот јазик и писмо што го употребува граѓанинот.

Секој граѓанин во комуникација со министерствата може да употребува еден од службените јазици и неговото писмо, а министерствата одговараат на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на службениот јазик и писмото што го употребува граѓанинот.

Во органите на државната власт во Република Македонија службен јазик различен од македонскиот јазик, може да се користи во согласност со закон. Во единиците на локалната самоуправа јазикот и писмото што го користат најмалку 20% од граѓаните е службен јазик, покрај македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. За употребата на јазиците и писмата на кои зборуваат помалку од 20% од граѓаните во единиците на локалната самоуправа, одлучуваат органите на единиците на локалната самоуправа

Значи не, во Берово, Струмица, Гевгелија.... и многу други општини каде Албанците се под 20% од вкупното население, Албанскиот јазик НЕ е службен!!!

– Сеопфатна дебата за знамето, химната и државниот грб на Република Македонија, со цел државните симболи да ја рефлектираат општествената мултиетничност и етничката рамноправност.

Дебата? Кога една македонска партија во својата предизборна кампања ќе вети дебата за знаме, химна и државен грб, слободно нека дебатира Без тоа, истата дебата би била измама кон гласачите кои ја донела на власт. Со други зборови, албанските политичари пред да бараат дебата од своите колеги од македонската страна, нека им дадат време за тие да го испитаат мислењето на Македонците. Бидејќи политички договор или дебата е неважна се додека народот не ја подржи. Во случај да сте заборавиле, политичарите се само гласот на народот, барем така треба да е.

– Усвојување на Резолуција во Собранието на Република Македонија со која се осудува геноцидот врз албанскиот народ во Македонија во периодот од 1912 до 1956 година.

Ова е веќе смешно. Како тоа Република Македонија да признае геноцид во период во кој не постоела, односно била (овој дел од територијата) под српска окупација? Дали ова значи дека Албанците бараат од нас како држава да потпишеме дека Србија вршела геноцид врз нив?!!! Ова е посебно интересно кога ќе се додаде дека во истиот ултиматум под точка 6 се додава:

6. Добри односи со соседите

– Вклучување на Албанците во работната група за директни преговори со Бугарија.

– Соработка со Косово и Албанија за интегрирано гранично управување.

– Отворање на нови гранични премини.

А Србија? Зарем Србија не ни е сосед? Или со нив не ни требаат добри односи пошо вршеле геноцид врз Албанците? Фините албански политичари ќе ни помогнат при градење добри односи со Бугарите, кои бараат менување на нашата историја, но не сакаат да се дружиме со Србија?!!!! Вака ли и мислите добро на Македонија или си терате своја кауза преку нашата држава?

Следи:

– Остварување правична застапеност во органите за безбедност, војската, разузнавањето и правдата.

Правична застапеност? Кој тоа одредува што значи таа фраза и зошто важи само за Албанците во Македонија? Што ако на пример 55% од населението ва Македонија се жени. Дали тоа значи дека 55% жени мора да се вработат во овие институции? Тоа правично е или?

– Целосно расчистување на прашањата и судските постапки како „Сопот”, „Бродец”, „Монструм” и „Куманово” преку една анкетна комисија или меѓународен независен орган.

И мислиш добро на државата, ама бараш меѓународен орган да и суди?!!

5. Решавање на спорот со името, во согласност со европските вредности и принципите на меѓународното право.

Принципите на меѓународното право ги знаеме, ги соопшти судот во Хаг кога донесе одлука дека Грција не смее да ја блокира Македонија да се зачлени во ЕУ и НАТО под привремената референца.

– Усвојување заедничка и обврзувачка резолуција во Собранието на Република Македонија со која Владата на Република Македонија е обврзува активно да се вклучи кон решавањето на спорот со името.

Активно? Дајте луѓе бидете прецизни, што значи тоа?

– Вклучување на Албанците во работната група за директни преговори со Грција.

Пошо нели погоре утврдивме дека многу се јаки у меѓународна политика, освен со Србија. За што тоа Албанци би преговарале со Грција? За името Македонија? Истите оние на кои химната, знамето и грбот на Македонија не им се по кеиф, сега уценуваат директно да преговараат со Грција?!!!!!

И се ова не би било толку смешно, ако во платформата имаше уште една точка, ПОПИС. Ако албанските партии при овој ултиматум побараа и попис, за нивната платформа ќе имаше и некаква реална тежина, но не побараа. Се повикуваат на „Правична застапеност“, на Устав во кој пишува 20%, ама попис не бараат?!!!! Како тоа? Колку изнесува таа „правична застапеност“? Колку ќе процените вие или пак некој меѓународен орган? И секако, сето тоа за доброто на Македонија!

25 години слушаме за соживот, интеграција, проспиритет... Па пола од албанските партии ги имаат тие зборови во името, но при првиот момент кога партиите од албанскиот блок можат да го одредат победникот и мандаторот, одиме на ултиматум!!! А проспиритет бе? Соживот? Ма јок, не е тоа битно. Никогаш и не било. Ако не беше јасно до сега, пред некој ден Села ни кажа. Истиот градоначалник на Струга, кој пред некоја година не закачи македонски знамиња на бандерите во градот за прослава за денот на независност во Македонија, сега зборува за формирање на паралелни институции доколку нешто не му е по воља. Човеков кој освои 35.000 гласови на изборите лани сега зборува за Албански Парламент во Македонија?!!!! Замислете да освоеше 100.000!!!

25 години сме држава и 25 години пред секои избори истата приказна. Македонските партии зборат за ЕУ и НАТО, а албанските за ЕУ, НАТО и правата на Албанците. Овој пат охрабрени од понудената двојазичност на СДСМ и речиси рамномерната поделба на мандатите кај македонските партии, решија да отидат и подалеку. Решија дека 20% од населението (овие 20% се претпоставка, бидејќи попис не сме имале доооолго) смее да го уценува остатокот и тоа со „Платформа за подобра Македонија“. Јас во ниту една од точките во платформата потпишана во Албанија не прочитав ништо за било кој друг етникум во Македонија! Зарем политичките партии од албанскиот блок под подобра, демократска, просперитетна Македонија подразбираат држава во која растат само нивните права? Замислете ако СДСМ или ВМРО излезат на следните избори со програма како албанската! Замислете ако една од двете големи македонски партии во својот фокус ги има само правата на Македонците, па дури ако тоа значи губење на некои права на Албанците! Што ли ќе прави тогаш Села? Ќе го испие езерото!!! Пошто за друго нема моќ, со 3 мандати институции не се градат. Колку ли тогаш ќе плачат албанските лидери по Европа и Америка? Што ли ќе се случи ако македонските партии направат платформа за повлкување на признавањето на Косово и замрзнување на односите со Албанија? Онака од мерак. Бап платформата на маса, па да видам тогаш колку ќе дебатира ДУИ. Или ќе го чуеме она познатото: Да не се врати 2001? До таму е капацитетот на просечниот албански политичар во Македонија. Токму тие изјави го одалечуваат Македонците од Албанците и обратно. Не дека нашиве се многу поарни, ама барем не се закануваат дека ќе се одметнат во планина со калаши да глумат комити. Толку сфатија. Ако уште сфатат дека на следните избори во македонскиот блок ќе победи партијата што ќе вети спроведување на регуларен попис, и победникот го исполни тоа, за многу ќе ги намалат проблемите со „правичната застапеност“ на „патриотиве“ што сакаат да мењаат химна, знаме, грб и име без да го прашаат народот за тоа.

Автор: Пацифист

KARIERA.mk го најавува Global HR Vision – HR настан што поместува граници

Како водечка платформа за кариерен развој и вработување во Македонија, ние од KARIERA.mk со огромно задоволство го најавуваме нашиот најнов и најзначаен проект за оваа година – Global HR Vision.

Овој настан е нашата мисија да ги обединиме HR професионалците, лидерите и менаџерите кои не само што ги следат промените, туку сакаат да бидат нивни предводници. Во свет кој постојано се трансформира, нашата цел е да ви овозможиме пристап до знаење и стратегии кои ќе ги направат вашите организации посилни и поуспешни.

Што подготвивме за вас на Global HR Vision?

На 23-ти Април, во конференциската сала на Marriott Hotel во Скопје, подготвивме агенда која нуди одговори на најактуелните предизвици во индустријата.

На сцената ги носиме најдобрите меѓународен експерти, кои доаѓаат со реални искуства од светски рамки:

  • Peter Spannagl – Senior Manager Global Learning and Development
  • Nadina Tyropolis – Generative Leadership Coach и основач на Data Impact
  • Harbir Singh Rissam – Global Human Resources Business Partner
  • Ilona Popczyk – Chief People Officer & Data Protection Officer
  • Majda Berislavić – Head of Learning and Development, People & Culture

Зошто да ни се придружите?

Ова не е само уште една конференција. Global HR Vision е место каде што:

  • Учиме од практичари: Не само теорија, туку конкретни стратегии за лидерство, развој на таленти и иднината на HR.
  • Разменуваме идеи: Можност за вмрежување (networking) со колеги и лидери од сите индустрии во Македонија.
  • Градиме иднина: Нови перспективи кои ќе ви помогнат да изградите здрава и мотивирана организациска култура.

"Нашата цел со Global HR Vision е да донесеме светски знаења на домашен терен. Сакаме да им помогнеме на македонските компании да ги разберат новите текови и да создадат работни средини во кои луѓето ќе напредуваат," 

🎟️ Резервирајте го вашето место!

Картите за настанот се веќе достапни. Бидете дел од заедницата која ја гради иднината на работата во Македонија.

KARIERA.mk меѓу најдобрите е-продавници за услуги во Македонија

Со голема чест и гордост споделуваме дека KARIERA.mk е добитник на награда на E-commerce Awards 2025, каде што го освоивме третото место во категоријата „Е-продавница за услуги“. Ова признание претставува важна потврда за нашата работа и посветеност кон развој на квалитетни дигитални услуги за компаниите и кандидатите на пазарот на труд.

E-commerce Awards се организираат со цел да се препознаат и наградат најдобрите компании и платформи во областа на е-трговијата и дигиталните услуги во Македонија. За нас, ова признание претставува дополнителна мотивација да продолжиме со унапредување на нашата платформа и да создадеме уште подобро искуство за сите корисници.

Во изминатите години, KARIERA.mk континуирано работи на подобрување на услугите и поврзување на компаниите со вистинските кандидати. Освоеното трето место е уште една потврда дека сме на вистинскиот пат и дека нашата работа е препознаена како дел од развојот на дигиталниот пазар во земјата.

Им благодариме на сите компании, кандидати и партнери кои ни ја даваат довербата и се дел од нашата приказна. Ќе продолжиме и понатаму да работиме со иста посветеност за да создадеме уште подобри можности за вработување и развој на кариера.

KARIERA.mk меѓу најдобрите е-продавници за услуги во Македонија

Со голема чест и гордост споделуваме дека KARIERA.mk е добитник на награда на E-commerce Awards 2025, каде што го освоивме третото место во категоријата „Е-продавница за услуги“. Ова признание претставува важна потврда за нашата работа и посветеност кон развој на квалитетни дигитални услуги за компаниите и кандидатите на пазарот на труд.

E-commerce Awards се организираат со цел да се препознаат и наградат најдобрите компании и платформи во областа на е-трговијата и дигиталните услуги во Македонија. За нас, ова признание претставува дополнителна мотивација да продолжиме со унапредување на нашата платформа и да создадеме уште подобро искуство за сите корисници.

Во изминатите години, KARIERA.mk континуирано работи на подобрување на услугите и поврзување на компаниите со вистинските кандидати. Освоеното трето место е уште една потврда дека сме на вистинскиот пат и дека нашата работа е препознаена како дел од развојот на дигиталниот пазар во земјата.

Им благодариме на сите компании, кандидати и партнери кои ни ја даваат довербата и се дел од нашата приказна. Ќе продолжиме и понатаму да работиме со иста посветеност за да создадеме уште подобри можности за вработување и развој на кариера.

Популарно