(ВИДЕО) Македонец го заборави текстот во „Ѕвездите на Гранд“

Во саботното издание на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд" во првиот дуел настапуваше и Стефан Величковски од Скопје. Тој отпеа две песни, „Ти си ми у крви“, од Здравко Чолиќ и „Срце није камен од Тоше Проески. 

Кога, Стефан започна да ја пее песната од Чолиќ од трема го згреши текстот, по што предизвика и смеа кај жири комисијата. 

„Јас морам да кажам дека кандидатот имаше многу трема, дури го заборави текстот, па ние од тука суфлирафме - рече водителката Сања Кужет.

Сепак, Стефан освои шест гласови, и успеа да помине во четвртиот круг.

Коментари

Популарно