(ВИДЕО) Македонец го заборави текстот во „Ѕвездите на Гранд“

Во саботното издание на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд" во првиот дуел настапуваше и Стефан Величковски од Скопје. Тој отпеа две песни, „Ти си ми у крви“, од Здравко Чолиќ и „Срце није камен од Тоше Проески. 

Кога, Стефан започна да ја пее песната од Чолиќ од трема го згреши текстот, по што предизвика и смеа кај жири комисијата. 

„Јас морам да кажам дека кандидатот имаше многу трема, дури го заборави текстот, па ние од тука суфлирафме - рече водителката Сања Кужет.

Сепак, Стефан освои шест гласови, и успеа да помине во четвртиот круг.

Сестрата на Лука Лазукиќ, Ана Калиќ, го коментира инцидентот што се случил меѓу нејзиниот брат и нејзината снаа Наташа Беквалац

Сестрата на Лука Лазукиќ, Ана Калиќ, во последниве неколку дена сè почесто се огласува на социјалните мрежи и „Фејсбук“, каде го коментира инцидентот што се случил меѓу нејзиниот брат и нејзината снаа Наташа Беквалац.

Ана во објавите често споменува дека таа не му е сестра на Лука Лазукиќ од 2008 година, а сега тврди дека Лука и нивниот татко ѝ должат стан со голема квадратура.

Ви го пренесуваме во целост постот на Ана:

(ФОТО) Ким Кардашијан со грди нокти на прстите од нозете

Профилите од Ким Кардашијан на социјалните мрежи последниве денови се преплавени со нејзини фотографии на кои позира во бикини, но една од нив посебно го привлече вниманието на „троловите“, кои никогаш не се фокусираат на пофалби на нејзините облини, туку на недостатоци поради кои можат да ја реметат.

Овој пат за око им се фати ноктот од еден од нејзините прсти на нозете. Додека таа се заблагодаруваше на нејзиниот тренер за „промената на нејзиното тело“, дел од нејзините обожаватели ја реметеа за нејзиниот ножен нокт.

„Те сакам, но дали тоа е твојот нокт?“, „Речиси добив срцев удар поради овој нокт“, „Мислев дека халуцинирам“, „Ги има сите пари на светот, а нема за педикир“, беа дел од коментарите.

(ВИДЕО) Исповед на таткото на Беквалац: „Би убил за неа“

Таткото на српската пејачка Наташа Беквалац, Драгољуб Беквалац, јавно проговори за насилството што го преживеала неговата наследничка и во емисијата на РТС јавно ги изнесе сите детали за таа кобна ноќ.

„За тоа што се случи дознав во саботата во 10 часот. Најмладата ќерка ми се јави дека е со Наташа и дека сопругот ја претепал и ѝ нанел видливи повреди по телото. Јас ја зедов сопругата, седнавме во автомобилот и стигнавме во Белград. Кога стигнав, тоа што го видов не би му го посакал никому да му се случи. Можам да кажам дека Наташа е многу силна и цврста личност и порасна во семејство со многу љубов, која ја добиваше од сестрите и од нас. Многу ми падна тешко кога ја видов како изгледа и кога ми опиша што ѝ се случило. Таа во договор со сопругот излегла да се види со соработниците за работата и му испратила СМС-порака дека ќе дојде дома со нејзиниот менаџер. Наташа околу 23 часот пристигнала во станот и видела дека Лука го нема. Потоа истата ноќ околу 3 часот видела дека сѐ уште не е пристигнат. Дознала дека е во друштво со некои девојки, па го побарала, но тој не ѝ се јавил. Кога следниот пат се разбудила со бебето, го забележала како лежи пијан во дневната соба. Го зела неговиот телефон и забележала како се допишувал со три девојки. Ги забележала љубовните пораки по што се обидела да го разбуди и да види што е работата. Тој станал мамурен, почнал да ја навредува и ја нападнал. Таа доживеала физичко малтретирање. Тој ја удрил со тупаница по лицето, ја кубел за косата. Таа два-три пати паднала и на подот. Ја шутирал со ногата по раната каде што и беше извршен царски рез. Побегнала во собата кај бебето, а тој продолжил да спие. Кога станал околу 9 часот утрото, сварил кафе и дошол во собата како ништо да не се случило. Се обидел да ја бакне, но таа ја свртела главата. Тогаш се изнервирал и почнал да се пакува и да се заканува дека ќе си замине. Тоа го правел и порано. Тој станал друг човек по нејзиното пораѓање. Постојано говорел дека по раѓањето на детето, неговото место во животот на Наташа станало помалку важно“, изјавил Драгољуб.

Тој навел и дека Лука имал среќа што помеѓу Нови Сад и Белград има голем број километри и со солзи на очите раскажал дека би убил за Наташа.

„Пред десет години реков дека би убил за Наташа, а вечерва ќе кажам дека би загинал за неа. Лука е еден измамник кој преку заљубените жени ги решавал своите економски проблеми. Се обидел на име на неговата фирма да ги префрли станот на Наташа и сестра ѝ Кристина. Но, му успеа само со автомобилот. Тој, едноставно, е човек што служи за измами и изневерување жени. Тој сигурно не е нормален, штом шутирал жена од 55 килограми. Ги почитувам жените, а децата секогаш ќе ги штитам. Наташа ми рече дека тој по пораѓањето станал друг човек, дека бил гневен што бебето го зазело неговото место. Тоа не можам да го сфатам. На мажот местото му е покрај својата жена, а не во кафеана до 4 наутро“, порачал Беквалац.

Од друга страна, Лазукиќ во една утринска емисија открил дека не е Наташа таа што поднела тужба за развод, туку тој.

Видеото од гостувањето на Лаузиќ во утринската емисија можете да го погледнете на следниот ЛИНК.

Популарно