Иванка заминала во Германија во 1972 година и станала милионерка!

Иванка Чугура од Штутгарт во 2006 година изненадно наследила милионско богатство. Но, наместо да ги задржи парите за себе, одлучила да основа фонд од кој парите ќе ги троши за хуманитарни цели

Иванка од Хрватска во Германија заминала во 1972 година. Цел живот работела во разни установи за социјална заштита. Била вредна и живеела скромно,а пресврт во животот ѝ се случил во 2006 година.

Имено, нејзините богати соседи покрај кои живеела повеќе од 20 години, сосема неочекувано богатството кое го имале ѝ го оставиле на неа во наследство.

За германската телевизија SWR Иванка открила што се случило:

-Нашето пријателство започна во 1979 година, кога јас и мојот сопруг се доселивме во зградата. Бевме единствени странци во зградата. Не знаев како да се однесувам. Соседите не повикаа на кафе, бидејќи сакаа подобро да не запознаат. Најдовме заеднички јазик и станавме добри пријатели. Тој беше адвокат, а таа работеше во Хамбург и доаѓаше од докторско семејство.

Кога во 1999 година соседот почина, неговата сопруга рече дека нам ќе ни го остави наследството затоа што многу ѝ значиме. Бев шокирана, а таа ме молеше да прифатам да ги земам парите. Отидовме кај адвокат и направивме тестамент со кој се ми остава на мене - рекла Иванка.

Иванка рекла дека нејзината сосетка и дозволила со парите да прави што сака, но таа никогаш не помислила да ги потроши само на себе. Три месеци откако во 2006 година починала нејзината сосетка, Иванка добила договор и наследство, а потоа основала Фонд за помош на деца и девојки во Африка и Латинска Америка.

Рекла дека секогаш ѝ било сон да оди во Африка, а кога отишла и застанала на африканското тло и не можела да верува дека навистина е таму. Подоцна неколку пати се враќала во Африка, па планира да оди и следната година.

-Ме радува тоа што повторно ќе ги видиме децата на кои им помагаме - рекла Иванка и додала - низ Фондот сакам да ја исполнам својата желба. Со износот од 1,5 милион евра сакам живот и здравје за децата од Африка и Латинска Америка.

Коментари

Популарно