ВИДЕО: „Водев љубов на скутер на вода”

Магазинот Бекстејџ често знае да ги “бомбардира” македонските јавни личности со контроверзни прашања, а неретко успеваат и да извлечат одговори на истите.

Овој пат, на “жешкото столче” седна Александра Накова, која меѓу другото зборуваше за естетската хирургија, што би била доколку не е модел и дали се кае за животните грешки. 

Едно од прашањата на која Накова одлучи искрено да одговори е кое е најчудното место на кое имала секс:

“Да те лажам или да бидам искрена?”, праша Александра, а потоа одговори: “Скутер на вода”.

За мажите кои можат да ја освојат, за мноштвото казни за паркирање кои секојдневно ги добива и другите работи, дознајте од интервјуто во продолжение:

Коментари

Популарно