Конзумирајте почесто риба

Според едно истражување од страна на лекарите кои го воделе ова истражување  било потврдено дека консумирањето риба е многу здраво за организмот и дека придонесува за намалување на канцерогените клетки.

Конзумирањето на само една порција риба три пати неделно или почесто го намалува ризикот од развој на рак на цревата, покажуваат резултатите од најновото истражување на Британските научници кои сметаат дека таквиот тренд треба да се поттикнува во склоп на здравата исхрана.

Научниците од универзитетот Оксфорд и од Меѓународната агенција за истражување на карцином (IARC) ги истражиле прехранбените навики на 476.160 лица кои пополниле прашалници за тоа колку често јадат одреден вид на храна, пишува “Independent”.Анкетата опфаќала и прашања за консумирањето риба, а резултатите покажале дека внесот на 360 гр. било каква риба, три пати неделно, ја намалува опасноста од развој на рак на цревата за 12 отсто во однос на консумирањето на 60 гр. дневно. Исто е и кај лицата кои неделно јадат околу 125 гр. масна риба како лосос – евидентиран е 10 отсто помал ризик од развој на рак на цревата.

Истражувачите напоменуваат дека резултатите од студијата, која е објавена во магазинот “Clinical Gastroenterology and Hepatology” не се однесуваат на школки.

Лекарите кои го воделе ова истражување потврдиле дека консумирањето риба е многу здраво за организмот и дека придонесува за намалување на канцерогените клетки. Тие истакнуваат дека биолошките причини за ваквото делување на рибата не се целосно познати, но и дека според една теорија, специфичните масни киселини познати како омега-3 се заслужни за спречување на развој на рак на цревата.

Едноставните промени во начинот на живот можат да бидат многу корисни. Многу е важно во исхраната да се вклучат интегрални житарици, храна богта со влакна и риба, да се води грижа за здравата телесна тежина, умерено да се вежба, да се избегнуваат преработените масни производи и да се ограничи внесот на црвеното месо во организмот.

Коментари

Популарно