Катица Јанева - „Богињата“ која сите ја напуштија!

Девети месец 2016 година:

Ова не е прв текст за обвинителката, но десега никогаш не сум и се обратил. Не сум чувствувал потреба, ниту капацитет од другата страна да го разбере следново. ДАЈ СИ ОСТАВКА!!! СЈО ќе најде нова обвинителка и ќе продолжи по истиот пат и без тебе. Неуставно, исполитизирано, со подршка од навивачка група „Шарени“. Ништо нема да се смени, освен твојот и животот на твоите деца. Верувај, на подобро.

Седми месец 2019 година, Катица Јанева ме послуша и си даде оставка. Односно излажа дека си даде оставка, затоа што ја поднесе само усно. Дури и да беше вистинска оставка, задоцнета е!

Осми месец 2019 година, фрштат бомби за случајот „Рекет“, а Јанева е блиску да се најде од другата страна на обвинителен акт. Тој момент ќе дојде, само прашање е дали прво ќе падне владата на Заев или таа! Со себе, најверојатно ќе го повлече и својот син.

Искрено, кога го пишував текстот во 2016 година, не мислев дека Јанева волку ќе заглави. Уште помалку дека во целата алчност ќе го вмеша и сопствениот син, но од друга страна, само две работи се вечни на овој свет...

Уште од самото појавување на Јанева и нејзиното застанување на СЈО, институцијата од која голем дел граѓани очекуваа правда (не и јас), се увиде дека станува збор за човек со капацитет за берење детелинки. Специјалната освен што не знаеше да склопи проширена реченица, во неколку наврати не увери дека не знае ни да чита! Мене не ми беа чудни шестките во нејзиниот индекс, туку како воопшто дипломирала?! Еве уште не ми е јасно! Нејзиниот избор беше намерен. Не се бираше способна личност, туку послушник! Но, оние кои ја одбраа, заборавија на еден многу важен детал. Нема ништо страшно во ограничен (да не речам глупав) човек, но многу е страшно кога таков лик ќе добие речиси неограничена власт! Нема да помине долго пред да помисли дека е БОГ! Поготово, ако до него се појави ликче како Боки13. Уште еден ограничен лик, но со џетсетерски, мегаломански, криминални идеи! И ете, се случи! Катица поверува дека е богиња! Недопирлива! Несопирлива! Но...

Далеку дека Македонија е држава, т.е. дека има функционале правен систем, но дури и нашиов систем има некакви лимити. Еве и да ги нема, СЈО не беше македонски проект, туку странска идеја. Сега странците нема да дозволат ваков срам и одговорност мора да има и ќе има.

Иако, од досега презентираните видое и аудио бомби од италијанскиот новинар (како ли стигнаа кај него?) нема докази за директна вмешаност на Јанева во изнуда на пари преку Боки 13, реакциите на засегнатите јасно укажуваат дека Катица е оставена сама на себе. При почетокот на истрагата, на денот на (наводната) оставка на Јанева, на пресконференција на СЈО, Ленче Ристеска јасно укажа дека СЈО не е Јанева и со тоа се огради од својата шефица. Денеска Стефанова отиде и подалеку, па кажа дека Катица барала укинување на притворот, враќање на пасошот на Камчев и само парична казна за сите обвинети во Империја. Обвинителката од СЈО јавно, на сајтот на институцијата соопшти дека таа не се сложила со Јанева, но дека шефицата си терала по свое. Ова укажува на две работи. Прво, дека Катица била вмешана во изнудата на милиони и воторо, дека СЈО нема да се обиде да ја штити!

Јанева пак, во своето соопштение вели дека „Рекет“ е монтиран случај за неа поради најновите истраги отворени во СЈО:

- Во тие истраги се осомничени и се надевам дека ќе бидат обвинети многу поранешни и сегашни функционери во власта и значајни личности во партиите,  па од таму е јасно зошто некој со сите сили и со невидена медиумска хајка се обидува да го загрози мојот и кредибилитетот на СЈО како и на сите други обвинители, а со тоа се обидува да ги уништи кривичните предмети  кои се водат во обвинителството.

Обидувајќи да се „исчисти“ пред јавноста, Катица всушност им се закани на сите политичари. Оваа пракса Катица ја има уште од доаѓање на позицијата, но само кон ВМРО ДПМНЕ, а сега истата ја примени и врз СДСМ. Доказ дека специјалната е оставена сама! Колку нејзините закани се опасни за Заев и дружината, ќе дознаеме најдоцна до Октомври, но и премиерот нема некој избор. Ако рекет не се расчисти, Македонија нема никакви шасни за датум за преговори во ЕУ (оној истиот што го добивме лани де), а без датум Заев е завршен политичар. Доколку пак Рекет се расчисти, СДСМ нема да постои, и повторно Заев е завршен политичар. Всушност, за Заев приказната заршува исто,  без разлика што и да се одлучи. Тој веќе не е премиер и никогаш нема да биде, само не знам дали некој му кажал.

Катица од друга страна, веројатно сеуште има избор. Не да ја спаси својата позиција, ниту парите кои веројатно ги изнудила. Не може да ја зачува ни својата слобода, но верувам дека може да го спаси својот син од затворска казна. За да се случи ова, треба да престане да се сонча и масира во Грција, да си дојде во Македонија и на пресконференција да каже СЕ! Дали ќе го направи тоа? НЕ! Зошто? Недостаток од капацитет!

Автор: Пацифист

Коментари

Популарно