Лоши вести од меторолозите!

Во текот на следните денови нашата територија ќе биде погодена од СИЛНА суша и тоа под влијание на релативно висок воздушен притисок и на стабилна, сува и многу топла воздушна маса која продира од југ па така поради ваквата ситуација растат условите и за нови пожари низ државава.

Времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со сосема мала локална облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе бидат над просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 37 степени додека пак од средината на неделава во централните и во југоисточните предели истите се очекува да се искачат и близу 40 степени.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: Со оглед на тоа дека пред нас е голема суша се препорачува ОГРОМНА внимателност поради опасноста од појава на нови пожари, во ваква ситуација граѓаните да избегнуваат палење оган во природа.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ

Коментари

Популарно