Лоши вести од меторолозите!

Во текот на следните денови нашата територија ќе биде погодена од СИЛНА суша и тоа под влијание на релативно висок воздушен притисок и на стабилна, сува и многу топла воздушна маса која продира од југ па така поради ваквата ситуација растат условите и за нови пожари низ државава.

Времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со сосема мала локална облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе бидат над просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 37 степени додека пак од средината на неделава во централните и во југоисточните предели истите се очекува да се искачат и близу 40 степени.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: Со оглед на тоа дека пред нас е голема суша се препорачува ОГРОМНА внимателност поради опасноста од појава на нови пожари, во ваква ситуација граѓаните да избегнуваат палење оган во природа.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ

Претежно сончево со слаб југоисточен ветер

Во текот на денешниот ден времето во земјава претежно сончево со слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти меѓу 3 и 11, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени. Во Скопје  утринската температура ќе достигне до 10 степени, а дневната температура до 29 степени.

Не очекуваат САХАРСКА ПРАШИНА и песок

Јужно и југозападно струење на висина, Сахарска прашина и песок и непријатна топлина овие денови ќе ја зафати територијата на нашата држава.

Поточно ќе бидеме под влијание на невообичаено топла воздушна маса од југозапад која ќе условува понатамошен пораст на температурите на воздухот кој во следните денови ќе се ислачуваат во интервалот од 22 до 29 степени.

Во централните и во југоисточните предели температурите на воздухот се очекува да се искачат до максимални 30, 31 степен што се типично летни. Времето ќе биде стабилно, суво и сончево со сосема мала локална облачност а ќе дува и претежно слаб ветер од променлив правец.

УВ ИНДЕКСОТ поради топлиот бран понатаму малку ќе порасне и ќе има умерено висока вредно и ќе изнесува 5 што не е опасно врз граѓаните.

За нови и подетални информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

Невообичаено топол бран кон Македонија

По малку пониските температури на воздухот денес и северниот ветер денес веќе во следните денови ќе продолжи порастот на максималните дневни температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени.

Во централните и во југоисточните предели истите се очекува да се искачат дури до околу 30, 31 степен. Иако невообичаено топол сепак овој бран е нормална појава во овој дел од годината во нашиот дел од Европскиот континент.

Истата појава сме ја имале и во изминатите години. Јужното и југозападното струење на визина ќе услови а веќе и условува транспорт на прашина и на песок од Сахара кон нашата држава па така и атмосферата ќе биде позаматена.

Поради ваквата ситуација кај метеопатите е можна појава на мачнина и на здравствени проблеми.

За нови и подетални метео информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

Популарно