Купила бензин специјално за да му се одмазди

Татаниша Хедман (40) го запалила сопругот откако го фатила како ја силува нивната 7-годишна ќерка.

Според полицијата од Вашингтон, Винсент Филипс (52), бил натопен со бензин додека спиел. Успеал да избега од куќата и така запален тргнал до продавницата во соседството за да побара помош. Купувачите го гледале со неверување и во шок како гори. Продавачот повикал 911, по што пристигнале лекарите и го однеле во болница.

Безбедносните камери на локалната бензинска пумпа покажува како вознемирената жена купува бензин само неколку часа пред инцидентот. Таа е уапсена, а во полиција признала дека го запалила откако го фатила како го силува девојчето.

Винсент е хоспитализиран на интензивна нега поради тешките изгореници, под полициски надзор е по што ќе биде уапсен поради обвинение за педофилија.

Коментари

Популарно