Уште една недела летни температури, а потоа...

По се изгледа уште оваа недела ќе биде ретлативно топла и летна, со летни максимални дневни температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени. Особено во четврток и во петок, во најтоплите региони, температурите ќе се искачат до околу 34 степени.

Времето ќе биде умерено облачно, повремено со сончеви периоди, додека локално ќе има и позначителна облачност. Има услови за изолиран развој на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а не се исклучува можноста и за ретка појава на град.

Ваквата појава на нестабилност се очекува некаде до среда, за потоа да имаме значително постабилна атмосфера, но и повеќе сончеви периоди.

Од петок и за време на викендот ќе започне да дува северен и североисточен ветер, кој ќе се засилува на интензитет и ќе биде најава за промена на температурите на воздухот во текот на следната недела.

Од викендот температурата ќе има тенденција на позначително опаѓање, особено во ноќните и утринските часови, а на повеќе места има услови да се спушти и под 10 степени.

Во Малешевијата температурата може да се спушти дури и под 5 степени.

Подговти: СЛАВЧО ПОПОСКИ

Коментари

Популарно