Уште една недела летни температури, а потоа...

По се изгледа уште оваа недела ќе биде ретлативно топла и летна, со летни максимални дневни температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени. Особено во четврток и во петок, во најтоплите региони, температурите ќе се искачат до околу 34 степени.

Времето ќе биде умерено облачно, повремено со сончеви периоди, додека локално ќе има и позначителна облачност. Има услови за изолиран развој на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а не се исклучува можноста и за ретка појава на град.

Ваквата појава на нестабилност се очекува некаде до среда, за потоа да имаме значително постабилна атмосфера, но и повеќе сончеви периоди.

Од петок и за време на викендот ќе започне да дува северен и североисточен ветер, кој ќе се засилува на интензитет и ќе биде најава за промена на температурите на воздухот во текот на следната недела.

Од викендот температурата ќе има тенденција на позначително опаѓање, особено во ноќните и утринските часови, а на повеќе места има услови да се спушти и под 10 степени.

Во Малешевијата температурата може да се спушти дури и под 5 степени.

Подговти: СЛАВЧО ПОПОСКИ

Сончево време со мала до умерена облачност и умерен ветер

Денеска не очекува  сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од минус 10 до минус 2, а дневната од 7 до 13 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус 7, а дневната ќе достигне до 7 степени.

До петок ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, во четврток и со засилен северен ветер. За време на викендот облачноста ќе се зголеми, а во недела ќе има повремени врнежи од дожд.

Сончево со мала до умерена облачност

Денеска не очекува  сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринсакта температура ќе се движи од минус два до минус осум степени, а дневната температура од три до 10 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе достигне до минус три степени, а дневната температура до шест степени.

Во следните денови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и ќе продолжи да дува слаб до умерен северен ветер, кој во четврток ќе се засилува. Од петок ќе започне да дува јужен ветер, облачноста ќе се зголемува и за време на викендот се очекуваат повремени врнежи претежно од дожд

Сончево со умерена облачност и со утринска магла по котлините

Денеска не очекува сончево време со мала до умерена облачност и со утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен северен ветер

Утринската температура ќе се движи од минус 6 до минус 2, а дневната од  минус 2 до 9 степени. Во Скопје, , максимална температура до 5 степени . 

Погледнете ја темературата во останатите делови од државата:

Популарно