Дали си свесен дека никој досега не го надмудрил животот?!

Дали си свесен дека никој не го надмудрил животот и дека секој добива точно онолку колку што заслужил иако понекогаш распределбата делува неправедна?

-Сакаш сериозна врска, но не сакаш брак.

-Сакаш брак, но не сакаш компромиси.

-Сакаш дете, но не сакаш обврски.

-Сакаш љубов, но да не те боли.

-Сакаш кариера, но не сакаш да се трудиш.

-Сакаш успех, но не сакаш откажување.

-Сакаш многу пари, но набрзина.

-Сакаш здравје, без дисциплина и самоконтрола.

-Сакаш стан, ама родителите да ти го купат.

-Сакаш да одиш на луксузно патување, но со малку пари.

-Сакаш да те сакаат, а ти да ги игнорираш.

-Сакаш да добиеш сѐ, ама ако може ти да не дадеш ништо.

-Сакаш да брзаш, а да не потрчаш.

-Да леташ, а да не рашириш крилја.

-Да сакаш, а да не крвариш.

-Да растеш, а да не се истегнеш.

-Да ризикуваш, но да играш на сигурно.

-Ти би сакал да го живееш животот, но животот да не те оштети тебе.

-Малку да се вложиш себеси, а да ти го даде најдоброто од себеси.

Коментари

Популарно