ВИДЕО: Адем и Бајруша живеат под мост во Аеродром, ги издржува синот кој продава пластични шишиња

Животот за еден е мајка, за друг макеа. За Адем и Бајруша за жал животот е макеа. Покрај судбината, со нив се поигруваат и институциите. Адем четири месеци добивал социјална помош, но му ја укинале бидејќи, како што раскажува тој, требало двајцата со Бајруша секој месец да се пријавуваат во Завод за вработување, што за Бајруша е проблем поради нејзината болест.

Под мостот „Близнак“ во Аеродром веќе два месеца живеат Адем и Бајруша со нивниот 30 годишен син. Тука се откако газдите на куќата во која престојувале под кирија, ги избркале, иако редовно ги подмирувале сметките. Единствен кој се спасил од животот под мост е најмалиот син, кој се оженил со ќерката на сопственикот на куќата.

Бајруша токму под овој мост доживеала мозочен удар, по што има потешкотии во говорот. За неа се грижи Адем, кој исто така е болен, од астма. Единствен кој е работоспособен во семејството е синот кој се занимава со собирање пластични шишиња, но би сакал да најде постојана работа. Образование нема, но е вреден и чесен, вели Адем.

Покрај судбината, со нив се поигруваат и институциите. Адем четири месеци добивал социјална помош, но му ја укинале бидејќи, како што раскажува тој, требало двајцата со Бајруша секој месец да се пријавуваат во Завод за вработување, што за Бајруша е проблем поради нејзината болест.


Коментари

Популарно