Иако секогаш практикував сигурен с.кс сепак закачив...

Една несреќна девојка го споделила своето животно искуство: „Јас нормално практикував сигурен секс, но пред 8 години добив генитален херпес. После дијагнозата ми се сруши светот и останав со момчето од кое го добив, бидејќи мислев дека никој друг нема да сака да биде со мене“.

Објаснила дека има полесен тип на херпес кој не се пренесува едноставно. Ако партнерот веќе има херпес на усните, речиси е невозможно повторно да му се појави вирусот по сексуален пат, рекла таа.

Додала дека таа размислува на тој начин сè додека не запознае некого, па потоа нејзиното рационално размислување се менува. На почетокот на секоја нова врска станува анксиозна и се плаши од одбивање.

Понекогаш на партнерите им објаснува дека има херпес симплекс тип 1, но не открива на кој дел од телото. Со тоа смета дека ја исполнила својата правна должност без срам. Тие тогаш најчесто мислат дека зборува за херпес на усните и споменуваат дека го имаат истиот проблем. Тогаш ѝ е полесно бидејќи знае дека веќе имаат вирус во себе и не постои ризик.

„Но, тајната ме убива, не можам да се опуштам. Секој пат кога имаме секс станувам нервозна и мојата анксиозност повторно е неиздржлива“, вели анонимната девојка.

На крајот на својата исповед раскажала дека одлучила дека на секоја нова врска ќе ѝ приоѓа отворено и веднаш од почетокот ќе признава за својата болест. Дел поради партнерот, а дел поради своето ментално здравје.

Коментари

Популарно