Видео:Путин доби честитка за роденден од Холивуд

Жители на Лос Анџелес објавија фотографија од неидентификуван авион на кој на   небото над Холивуд „исцрта“  #VVP67, што според „толкувањето“ на корисниците на социјалната мрежа, било роденденска честитка за рускиот претседател Владимир Путин.

Во видеото се гледаат првите иницијали на рускиот претседател на  VVP-ВВП - Владимир Владимирович Путин, додека 67 претставува број на години што ги наполни вчера рускиот претседател.

Еден корисник објави видео на кое се гледа како честитката е направена од мал авион што кружи на небото.

Путин инаку го прослави својот 67 роденден во дивината, далеку од Кремљ, уживајќи во планинарењето во тајга со неколку свои сопартијци, пренесува Спутник.

На видеото и фотографиите објавени вчера може да се видат Путин и министерот за одбрана Сергеј Шојгу како се качуваат на планини и собираат печурки.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

#VVP67 or #VVPG7 #MERCURYRETROGRADE

A post shared by Preston Olivia James (@prestonoliviajames) on

Коментари

Популарно