Со своите 123 години ги збунил вработените на аеродром

Свами Сивинанда е роден во Бехали во Индија, на 8-ми август 1896-та година а го одгледал индиски духовен лидер.

Тој ги шокирал вработените на аеродромот во Калкута во Индија кога им го покажал пасошот во кој се наведува дека овој Индиец е роден во1896-та година  и дека сега има 123 години.

Сивинанда тврди дека тајната на неговата длабока старост е всушност долгогодишното практикување на јога, целибат и консумирање на храна без зачини. Неговиот пасош ја шокирал управата на аеродромот кога тргнал во Велика Британија од Индија.

Ја провериле исправноста на неговиот пасош и добиле потврда дека тој е во целост функционален, но тогаш заклучиле дека е многу можно датумот на раѓање на овој маж да не е исправно запишан во неговите документи.

Сивинанда им објаснил дека родителите го оставиле кратко по раѓањето и дека неговите податоци за раѓање се напишани дополнително. Сепак, ако неговите податоци се точни – тоа би го направило најстарата личност на светот.

Досега таа титула ја држела Французинката Жан Калман, која починала во 1997-ма година кога имала 122 години и 164 дена. Гинисовата книга на рекорди решила да го разгледа случајот на Сивинанда, но истакнале дека дека нема да биде едноставно да се одредат неговата реална возраст, пренесува “Klix.ba”.

“Дисциплината е многу важна работа во животот на секој човек. Со оглед на тоа дека сум роден во сиромаштија, никогаш не сум барал премногу од животот. Денес луѓето се несреќни, нездрави и неискрени, што ме боли многу”, рекол Индиецот додавајќи дека негова голема желба е луѓето да станат среќни и мирољубиви.

Коментари

Популарно