Сончево со локална облачност и со слаб претежно југоисточен ветер

Наутро ќе има услови за појава на магла по котлините. Преку денот ќе биде сончево со локална облачност и со слаб претежно југоисточен ветер. Преку ноќта од запад ќе се прошири облачност и ќе започне повремен дожд, на планините снег.  Максималната температура од 17 степени треба да биде измерена во Гевгелија и во Дојран, во Скопје и во Охрид – 12, Битола и Штип – 11…

Од утре температурата благо ќе опадне, а времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд, а на некои плании и со снег. Утре и в четврток максималната температура се очекува да достигне до 12, а в среда до 9 степени.

Коментари

Популарно