Сончево со локална облачност и со слаб претежно југоисточен ветер

Наутро ќе има услови за појава на магла по котлините. Преку денот ќе биде сончево со локална облачност и со слаб претежно југоисточен ветер. Преку ноќта од запад ќе се прошири облачност и ќе започне повремен дожд, на планините снег.  Максималната температура од 17 степени треба да биде измерена во Гевгелија и во Дојран, во Скопје и во Охрид – 12, Битола и Штип – 11…

Од утре температурата благо ќе опадне, а времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд, а на некои плании и со снег. Утре и в четврток максималната температура се очекува да достигне до 12, а в среда до 9 степени.

Облачно со повремен дожд, а на повисоките планини од снег

Денеска во претпладневните часови не очекува облачно време  со повремен дожд, а на повисоките планини од снег.

Утринската температура ќе се движи од 0 до минус 5, а дневната од  минус 4 до 11 степени. Во Скопје, , максимална температура до 9 степени . 

Погледнете ја темературата во останатите делови од државата:

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне со слаб до умерен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот во западните делови, а во текот на ноќта кон понеделник во поголем дел од земјава, ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег.

Утринската температура ќе се движи од минус 5 до 1, а дневната од 6 до 13 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Утринската температура ќе се спушти до минус 3, а дневната ќе достигне до 8 степени.

Облачно со магла по котлините

Во западните делови претежно облачно, а во источните сончево со умерена облачност. По одделни котлини ќе има услови за утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус 9 до минус  2, а дневната од  минус 5 до 13 степени. Во Скопје, , максимална температура до 6 степени . 

Погледнете ја темературата во останатите делови од државата:

Популарно