ФОТО: Секси мама одново е секси мачка

Откако стана мајка и на свет ја донесе малечката убавица со необично име Кара Розмари, некогашната манекенка и топ модел Цеце  Георгиев (порано Орешкова)  тргна да се врати во топ форма. Најпрвин изгледот и килограмите бргу ги донесе во склад со телесната конфигурација, па затоа реши одново да се впушти во „работна акција“.

Претходно, за да се осугура дека се е како што треба со неа и нејзиниот изглед кој сега потсетува на оној стариот од „златните времиња“ на манекенската писта, Цеце направи неколку пробни фотографии. Со онаа првата каде е подразголена на непозната плажа, покажа дека се’ уште го носи во себе сексапилот па макар ја сликале од зад грб во тилот!

Откако се убеди дека се е во ред со задницата, на ред е проверка на предницата, со една „нафталинска“ и една најнова фотографија… Чисто заради споредба на ликот – некогаш и сега. И секако онашто лежи во деколетето – денес и на времето!

Фотографијата од лифтот за самодоверба на манекенката дека без проблеми може да влезе и во панталони, па кусо видеоклипче во седечка поза, каде до израз доаѓаат долгите нозе…

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

@studiokadora @idteam.hairbar @nikolaadzievski

A post shared by Cece Georgiev (@cecegeorgiev) on

Откако се увери и убеди дека иако е секси мама, се’ уште може да биде секси мачка, Цеце тргна во вистинска акција…

Време е за снимање нова фотосесија и реклами, за да се покаже што треба да носат и како да изгледаат вистинските дами.

Чекор по чекор, кадар по кадар, од лицето кон градниот кош и резултатот никако не може да биде лош…

Цеце Георгиев одново позира… Секси мама како вистинска дама. Секси некогаш – секси секогаш!

Коментари

Популарно