Брегот на Измир сведочи за несреќата во која загинаа 11 луѓе, од кои осум деца

Детски чевли и облека, фотографии, пасоши и прслуци за спасување беа исфрлени од морето на брегот на турскиот град Измир, откако потона чамец со мигранти, при што загинаа 11 луѓе, од кои осум деца.

Чамецот со 19 луѓе, кои сакале да стигнат до грчкиот остров Хиос, се преврте во водите на Егејското Море.

Жителите на измирската населба Јали слушнале повици за помош од правецот на морето, по што ја известиле полицијата.

Таа утврди дека се превртел чамец со мигранти, при што од морето се спасени осум луѓе и се пронајдени 11 тела. Дополнително било утврдено дека станува збор за мигранти од Сирија и дека чамецот се превртел зашто на него имало премногу луѓе.

Коментари

Популарно