Кина стравува од нов бран на Ковид-19

Кина, извор на опасна наезда, во саботата објави рекорден пораст на увезени случаи на коронавирус, додека Кинезите се враќаат од странство, зголемувајќи ги стравувањата од втор бран на инфекции додека земјата се опоравува од првичниот.

Пекинг и Шангај се главни влезни места за враќање на студентите, од кои многумина се студенти кои се школуваат во странство, но мораа по одлуката за затворање на многу кампуси во САД и во Европа.

Вкупниот број на потврдени случаи во континентална Кина во петокот вечер беше 81,008, соопштија здравствените власти. Бројот на починати е 3.255, што е многу побавно отколку во првите денови на кризата.

Властите во Казахстан, Киргистан, Узбекистан и Туркменистан најавија нови ограничувања за спречување на ширењето на коронавирусот со зголемувањето на бројот на случаи во Централна Азија.

Во Казахстан, каде се потврдени 53 случаи, властите во саботата соопштија дека ги затвораат сите паркови во Алмати, најголемиот град во земјата, кој беше ставен во карантин оваа недела со главниот град Нур Султан.

Во Узбекистан, каде се пријавени 33 потврдени случаи, владата во петокот вечер соопшти дека ги затвора сите места за забава и чајџилници, како и забрана за големи свадбени прослави и други семејни прослави.

Во Туркменистан, кој досега нема пријавено ниту еден случај на зараза, локалните жители кои патувале кон и од главниот град Ашгабат, рекоа дека на контролните пунктови од полиција биле известени дека се забрануваат патувања што не се неопходни.

Владата во Киргистан денеска соопшти дека размислува за воведување на вонредна состојба од недела и утре ќе ги затвори окрузите каде е откриена инфекцијата.

Бројот на загинати во Иран од новиот коронавирус се зголеми за повеќе од 100 и денеска достигна 1.556 лица, а над 20.000 луѓе се заразени, изјави ирански претставник на Министерството за здравство.

Иран, една од земјите кои се најтешко погодени од пандемијата, објави дека починале 1.433 лица, а вкупниот број на луѓе со дијагностицирани со оваа болест во саботата е 20.610.

извор: novatv.mk

Коментари

Популарно