Се дезинфицираат и чистат сите детски и спортски игралишта, училишта, цркви, џамии кои се на територија на општина Гази Баба

Општина Гази Баба продолжува со акциите за одржување на хигиената на јавните површини.

Денеска, меѓу останатото, ставивме акцент на спортските зони и верските објекти. Ги дезинфициравме и чистевме сите детски и спортски игралишта,  потоа фитнес зоната во парк шумата Гази Баба како и урбаната опрема на детското игралиште во ООУ “Григор Прличев” и црквите и џамиите кои се на територија на општина Гази Баба.

Сите месни и урбани заедници, пензионерскиот дом во Автокоманда, а започнавме со машинско чистење со мала и голема механизација обезбедена со помош на приватни компании кој  ја ставија на располагање за потребите на општината. Досега опфативме во Железара, Автокоманда и Ќерамидница мали сервисни улици, а од Трубарево до Дрма со голема механизација се чистеа и главните и сервисните улици. 

Извршивме и дезинфекција во просториите на Домот на културата “Димитар Влахов” во Автокоманда, библиотеката “Браќа Миладиновци” и објектот на УЗ Автокоманда.

Домот на културата “Димитар Влахов” согласно препораките во овој период е затворен и одложени се сите активности, a eкипи на ЈКП Гази Баба ќе извршат повторно дезинфицирање на објектот пред неговото повторно отворање.

Од општинското јавно комунално претпријатие извршија рачно чистење и на плочникот пред кино Маџари, како и целосна дезинфекција на урбаната опрема на овој јавен простор, а извршија и целосна дезинфекција на Сточниот пазар кој е времено затворен поради состојбата со корона вирусот.

И наредните денови продолжуваме со одржување на чистотата во општина Гази Баба, следејќи ги препораките на Министерството за здравство и на Владата, со цел да се заштитат граѓаните и да се спречи ширење на корона вирусот преку јавните површини, стои во соопштението од Општина Гази Баба.

Коментари

Популарно