Путин прогласи неработна седмица од 28 март до 5 април

Ситуацијата во светот со корона вирусот се развива драамично, изложувајќи ја на удар светската економија, истакнал денеска рускиот претседател Владимир Путин во ТВ обраќањето до нацијата, пренесуваат бугарските медиуми цитирајќи го ТАСС.

Гледаме колку драматично се одвиваат работите со епидемијата. Во многу земји бројот на заболени рапидно расте. На удар е економијата во целиот свет, рекол рускиот претседател. Руската економија исто така е под сериозен притисок, додал Путин, Луѓето кои ја загубииле работата поради епидемијата, треба да добијат помш од владата.

Путин објавил и дека следната седмица во Русија ќе биде неработна, а вработените ќе ги добијат платите.

Исклучително важно е да се сопре ширењето на заразата, затоа објавувам дека следната седмица ќе биде неработна. Со други зборови, нема да се работи од 28 март до 5 април, истакнал Путин.

Тој додал и дека малите и средните претпријатија треба да добијат даночни ослободувања, а луѓето кои имат кредити, треба да ги отплаќаат подоцна, без казни.

Извор: Република.мк

Коментари

Популарно