Али Ахмети: Да не се чепка во џебот на граѓаните

Али Ахмети, лидерот на ДУИ во емисијата „Click Plus“ на ТВ 21 и порача на Владата да не ги намалува платите на вработените во јавниот сектор. Претседателот на партијата која е пома коалициски партнер во Владата алудираше дека не се сложува со предлогот на предводникот на СДСМ, Зоран Заев, речиси сите вработени под државна капа во критичниот период за економијата да имаат минимаен доход.

Тој рече дека не е добро да се чепка во џебот на граѓаните, алудирајќи на тоа дека Владата по предлог може да донесе мерка за намалување на платите на минималец и дека ДУИ веќе испратила предлози за справување со коронавирусот во државата.

Спека, Ахмети вели дека функционерите од двете владеачки партии во Владата се согласуваат и работат заедно за време на кризата со епидемија и дека нема партиски поделби. Според него засегнатите институции работеле добро, иако можеле и подобро.

Коментари

Популарно