Taa не го симнува од својата рака

Во изминатите неколку месеци многупати ја видовме фотографијата кога поранешните сопружници се поздравија на доделувањето на “SAG” наградите во јануари, сите останаа воодушевени од нивната блискост и насмевки, но го пропуштија можеби најважниот детал...

Како што пишува британскиот “Mirror”, Џенифер Анистон понекогаш го носи вереничкиот прстен со кој Бред Пит ја запросил во сега веќе дамнешната 1999 година. Станува збор за парче накит кое чини околу 500.000 долари, а истото се состои од крупен дијамант опкружен со помали дијаманти, распоредени во спирала.

Тоа, меѓутоа не е најинтересното – не само што Џен го задржала прстенот по разводот и сега го носи одвреме-навреме туку наводно го носела и кога таа и Бред се сретнаа оваа година за првпат во јавност и пред камерите откако се разделија!

Поталот “The Cheat Sheet” напишал дека фановите со остро око забележале дека Џенифер на фотографијата на која се поздравува со Бред, на раката носи прстен кој неверојатно потсетува на оној со кој актерот ја запросил пред повеќе од 20 години.

Актерката не ги коментирала овие наводи, како што и обично останува нема на трачевите за Бред и неа, но сите се прашуваат дали со тоа сакала да му испрати некаква порака на поранешниот сопруг или едноставно не одолеала на убавината на прстенот.

Секако, постојат и фанови кои сметаат дека Џенифер носела друг прстен кој потсетува на вереничкиот кој го добила од Пит.

Инаку, Бред Пит имал голема улога во дизајнирање на прстенот со оглед на тоа што соработувал со дизајнерката Силвија Дамијани при неговата изработка, а наводно прстенот е инспириран од пар обетки кои во една прилика ги носела Џенифер.

Години подоцна, Бред ја тужел споменатата дизајнерка бидејќи имал договор со неа прстенот да остане уникат, но таа изработувала реплики на барање на клиентите.

Коментари

Популарно