Ќе има истрага за пандемијата со коронавирусот

Ќе има истрага за пандемијата со Ковид - 19. 

Членките на Светската здравствена организација, донесоа резолуција за независна проценка за реакцијата на агенцијата на ОН на пандемијата на новиот вирус.

Текстот е усвоен со консензус и предвидува што побрзо започнување на непристрасни, независни и целосни проценки на меѓународната акција преземена поради пандемијата. 

Ова е со цел подобрување на светските капацитети за превенција, подготовка и одговор на пандемијата.

Со таа проценка, чии детали се и натаму нејасни, би требало подобро да се проучат мерките кои ги презеде СЗО поради пандемијата на Ковид - 19 и нивната хронологија.

СЗО и генералниот директор Тедрос Ахан Гебрејесус се под постојан притисок на САД, кои ги обвинуваат за пристрасност во водењето на епидемијата. 

Членките се 194, а меѓу нив се САД и Кина. 

Повеќе од 318.000 луѓе починаа од коронавирусот. 

САД неколку пати ја обвинија Кина дека е виновна за пандемијата, но тврдеа и дека вирусот излегол од лабораторија. 

Коментари

Популарно