(Видео) Несекојдневна сцена во Белград: Поставена фигура на Исус, полицијата реагираше!

Засега не е познато кој би можел да стои зад овој необичен чин. На улицата Јуриј Гагарин и Доктор Иван Рибаар, на вртењето на трамвајот и автобусот на крајот на Блок 45 бил поставен Исус распнат на бандера.

Фигурата била поставена во речси природна големина и златна боја, а направена е од картон кој бил прицврстен на конструкцијата.

Како што објавија медиумите, оваа акција е изведена во текот на ноќта во Белграг. А минувачите биле изненадени кога забележале за што станува збор.

Засега никој не знае кој ја поставил и зошто, а комуналците пристигнаа да ја размонтираат конструкцијата. Полицијата реагираше и во моментов го истражува случајот и се обидува да ги открие сторителите.

Видеото можете да го видите ТУКА

Коментари

Популарно