Груевски: Заев лаеж - Ваков договор, не сум ни можел да прифатам, бидејќи дел од прифатените работи не се ни барале од другата страна

Премиерот Зоран Заев вечерва во гостувањето на Канал 5 откри дека поранешниот премиер Никола Груевски прифатил Горна и Северна Македонија за севкупна употреба, па веднаш по завршување на емисијата на својот Фејсбук профил се огласи и Никола Груевски, кој напиша дека надвор од памет било да се прифати „ерга омнес“, најдобар демант на Заев е факторот време.

 -Најдобар демант за она што го говори Заев е факторот време. Тој фактор покажува дека јас и ВМРО-ДПМНЕ разговаравме за надминување на разликите околу името како што не обврзува резолуцијата на ООН, но не го променивме името и идентитетот цели 11 години. А тој прифати и спроведува промена на името „ерга омнес“ со промена на Уставот што недвосмислено влијае на менување на идентитетот. И со многу отстапки во договорот кои никогаш не биле предмет на разговор, а камоли отстапка. Надвор од памет било да се прифати „ерга омнес“, што значи и промена на името во Уставот со име Северна или Горна или било каква Македонија. Па уште и сум се откажал од идентитетот. Само името на автопатот ги изнервирало Грците и затоа ја пропуштиле таа можност. Ваков договор, со вакви елементи во него, со вакви отстапки во членовите на договорот, не сум ни можел да прифатам, бидејќи дел од прифатените работи не се ни барале од другата страна, напиша Груевски.

Тој додава дека Владата сака да дефокусира и да зборуваме за се, само не за овој договор кој, како што вели, навистина е национална катастрофа.

-Еве само еден пример. Според договорот на Заев, татко ми кој е роден во Леринско, 15-тина километри од денешната границата, е дел од историјата за која Грција доби експлузивно право со договорот и има право својот идентитет меѓудругото да го влече и од тој дел на историјата, а јас негов син, кој сум роден од другата страна на границата немам такво право. И така е и со илјадници други Македонци, не само оние со потекло од тој дел на Македонија. И со оние со потекло од овој дел на Македонија. Кој е тој научник кој административната граница денес, ја претвори во историска и идентитетска граница. И такви нелогичности има еден куп во овој договор, заклучува Груевски.

Заев: Груевски во 2012 година прифатил Горна Македонија - ерга омнес

Премиерот Зоран Заев, при своето гостување во „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, изјави дека во „прислушкуваните разговори“ постојат докази дека Никола Груевски прифатил „Република Горна Македонија“ за севкупна употреба во 2012 година. До договор не дошло, како што вели Заев, бидејќи Грција го одбила предлогот, претходно испровоциарана од постапките на ВМРО ДПМНЕ со антиквизацијата и именувањето на автопатот и аеродромот.

Мухиќ: Гласав против договорот, за ратификација ќе видиме

Пратеникот од владејачкото мнозинство Ферид Мухиќ гласаше против  Предлог – законот за ратификација на Договорот меѓу Грција и Македонија, па за НОВА истакна: „Јас сум против Договорот и таков став имам веќе 27 години. Затоа гласав против“.

На прашање дали ќе гласа против и за ратификација на Договорот, рекол „ќе видиме“.

Популарно