Војо Стојановски почина од карцином на панкреасот

Вчера во родното село Букојчани, Кичевско, погребан е Војо Стојановски, македонската фолк легенда, кој почина завчера во Скопје по кусо боледување на 65 годишна возраст.

vojo.jpg500

Блиски соработници на фолк пејачот велат дека долги години имал проблеми со срцето, па се разболел од карцином на панкреасот. Војо зад себе ги остави сопругата Евица Камберова-Стојановска, новинар во МТВ, синот Дамјан кој има 19 години и два сина од претходниот брак, пишува Вест.

Дел од блиските колеги на Војо жалат што не успеале да се поздрават со него за последен пат.

- Доцна ми јавија за жалната вест, а јас во моментов не сум во Скопје и жалам што не успеав да заминам во Букојчани на погреб, изјавил вчера за „Вест“ Наум Петрески и додаде: Тој беше еден многу специфичен човек, редок човек, голем другар. Иако знаевме дека е болен сите не затече веста за неговата смрт. Секогаш се дружевме зад фестивалската сцена и по фестивалите. Кога ќе се сретневме приватно никогаш не зборувавме за музика.

Повеќе прочитајте во денешното печатено издание на дневниот весник „Вест“.

Глумците од Македонски народни приказни се организират за помош на Момо Николоски

Неделава глумците  од Македонски народни приказни  одржуват претстави во Домот на културата во општина Ѓорче Петров, а собраните средства од продажбата на билетите ќе ги донираат за лекување на фолк-пејачот Момо Николоски. На пејачот неодамна му беше дијагностициран рак на желудникот заради што мора да оди на лекување во странство. 

Општината, преку основните училишта ги организираше ученците да ја посетат театарската претстава. Цената на билетите е симболична, велат тие, а парите ќе помогнат во лекувањето на Николоски.„Ги повикуваме сите хумани граѓани кои се во можност да донираат на следната донаторска сметка: 200003411779440“, додаваат оттаму

СОПРУГАТА НА МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ: „ГО ПРОВОЦИРАЛЕ ПА ГО НАПАДНАЛЕ ЛИЦА ОД „ДИВО НАСЕЉЕ„

 Миле Јанакиески и Спире Ристовски, денеска биле физички нападнатии во затворот.

Според информациите, тие биле нападднати од притвореник од случајот Диво Насеље, кој во исто време се нашол во дворот на установата.

Инцидентот се случил надвор, за време на редовната прошетка од 1 час што ја имаат притворените лица

По повод ова, со изјава за ТВ Сител се јави сопругата на Миле, Сања Јанакиески која открива она што и го пренел адвокатот на нејзиниот сопург.

„Потресена сум, ми се јави адвокатот и ми пренесе дека Миле го провоцирале па го нападнале лица од „Диво Насеље. На помош за да го одбрани му пришол и Спиро Ристески но и тој е нападнат.

Моментално се наоѓа во „ГОБ 8септември“ и според информациите има повреди на главата. Не знам зошто ова се случува, кога ги почитувавме сите мерки на домашен притвор“, изјави Сања.

Претходно, медиумите на албански јазик објавија дека денес во затворот Шутка се случил инцидент во кој член на Кумановската група со иницијали Е.К. ги претепал поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски.

На Тоше Илиевски од Скопје му е потребна наша помош и донации

Почитувани, моето име е Тоше Илиевски, имам 30 години и боледувам од Non- Hodgkin’s lymphoma, или карцином на лимфни жлезди.

Подари високите финансиски трошоци и покрај многуте прегледи и лечења кои ги плаќам лично, би Ви би бил благодарен на сите хумани луѓе да дадете доброволен прилог за да можам да ги платам и останатите лечења, а имам и можност за лечење во странство.

Во прилог ви ја прикажувам мојата трансакциска сметка.

БРОЈ НА СМЕТКА:200003247541853

СТОПАНСКА БАНКА АД СКОПЈЕ

ТОШЕ ИЛИЕВСКИ

Популарно