Фото: Македонски билдер со 300 јајца на одмор во Грција

Многумина сакаат да имаат добро градено тело, да бидат мускулести како модели на билбордите, но зад таа нивна желба најчесто се крие изговорот "немам време“. Оваа максима не постои во речникот на најпознатиот македонски бодибилдер, Тоше Зафиров и неговата сопруга Габриела, кои една година интензивно се подготвуваат за настапот на најпрестижното натпреварување во бодибилдинг Арнолд класик - Европа, кое ќе се одржи на крајот од септември во Мадрид (Шпанија), пишува Вечер.

zafirov-so-300-jajca-i-30-kg.stek-na-odmor-vo-grcija-159246

Во тоа не ги спречи ниту летниот одмор, што за семејството Зафирови помина работно. Брачната двојка и на Тасос (Грција) се подготвуваше за предизвиците кои ги чекаат наредниот месец, а интересно е тоа што сами си ја приготвуваа храната во хотелот.

zafirov-so

- Уште кога резервиравме во хотелот побаравме истиот да има теретана. Интересно е тоа што поголем дел од храната си ја носевме од Скопје: 300 јајца, 30 килограми пилешки стек, зелени јаболка... Можам да кажам дека стравуваме да не не фатат на граница и да не обвинат за шверцување на јајца. Но, тие ни се едни од најважните продукти, бидејќи консумираме по 30 на ден, а за десет дена ни се потребни 300 јајца - додаде Зафиров.

ВИДЕО: Кумот ја здогледал невестата и го добил најголемото животно изненадување

Кога Пол Скорпони дошол на свадбата на неговиот пријател, каде требало да биде кум, не помислувал дека го очекува најголемото изненадување во животот.

Подоцна се покажало дека тоа не е свадба на неговиот пријател, туку неговата. Тоа го сфатил дури кога ја видел својата девојка Алиша Пилава во невестински фустан.

Алиша сето тоа го организирала во тајност и пред шокираниот Пол дошла со песната „It Should’ve Been Me”. Тој само во шок ја гледал, а потоа клекнал на колено и ја побарал за жена.

Алиша подоцна објасни дека Пол последните две години ја барал за жена триесетина пати, но таа била несериозна.

-Мојот пријател Кевин, кој беше мој кум и свештеникот, беа таму и јас дури и не помислував дека тоа не е свадбата на Кевин. Кога таа дојде и ја пееше нашата песна, мислев дека е некоја шега. Дури и сега, откако го видов видеото, а го погледнав сто пати, не можам да верувам. Многу сум импресиониран што таа успеа да го организира сето ова без да дознаам, изјави воодушевениот младоженец.

Леб кој се подготвува за 15 минути

Ви претставуваме рецепт  со кој можете лесно и брзо да направите вкусен домашен леб што ќе ве натера да заборавите на продавниците засекогаш.

Потребни состојки за подготовка на овој леб се:

150 грама интегрално брашно 

150 грама бело брашно 

10 грама сув квасец 

180 милилитри минерална вода 

3 лажици маслиново масло 

лажица ленено семе 

лажица сончогледова 

сол Малку 

Начин на подготовка: 

Загрејте ја рерната на 250 степени пред сè. Ставете го белото и интегралното брашно во сад и промешајте. Додадете квасец, сол и семе. Промешајте. 

Ставете минерална вода и три лажици маслиново масло во сувите состојки. Промешајте ги состојките добро додека  смесата не се соедини смесата. Поделете ја на два дела.

Тестото формирајте го во кружни парчиња леб. Ставете го тестото во плех за печење наредени со хартија за печење. Посипете  го со семе. Печете 15 минути додека лебот не добие златеста боја.

Доколку имате над 40 години овој зачин треба да биде вашиот најдобар пријател

Овој моќен зачин ќе го намали чувството на глад, но исто така ќе придонесе во тоа вашиот метаболизам да работи како што треба.

Иако промените во организмот со текот на годините се нормална појава, постои едноставен начин да ја подобрите состојбата на организмот.

Кај жените по 40-та година од животот метаболизмот забавува, па така килограмите многу полесно се зголемуваат. Експертите тврдат дека само еден зачин е доволен за да се направи голема промена.

Буковецот содржи капсаицин, материја која го поттикнува забрзувањето на метаболизмот, а доволно е само прстофат од овој зачин за да се постигне ефектот.

Го забрзува метаболизмот

Докажано е дека капсицинот ја зголемува телесната температура и ги забрзува процесите на варење и губење на маснотии. Храната богата со белковини (пилешко месо, риба) побрзо се вари кога во неа ќе се додаде барем малку буковец. Руските доктори тврдат дека редовното консумирање лута храна во мали количини го забавува и стареењето, но го јакне и имунитетот.

Го намалува чувството на глад

Докажано е дека капсацинот може да го намали чувството на глад што значи дека помалку ќе јадете во текот на денот.

Го намалува крвниот притисок

Бројни истражувања покажале дека капсицинот го намалува и нивото на крвниот притисок.

Го подобрува варењето на храната

Буковецот може да го подобри здравјето на системот за варење на храна, а тоа го намалува ризикот од настанување на канцер на желудникот.

Популарно