Ќерката на Весна Петрушевска минала низ пекол: Не сум виновна, нели мамо?

Трогателна порака на актерката Весна Петрушевска која на социјалните мрежи проговори за траумите кои ги доживеала нејзината ќерка

13406749_10209755423421088_3083685127300254452_n

„Мојата ќерка е најхраброто дете на овој свет, во последниве пет дена ми покажа како се соопштува вистината, како да се соочи со најголемото зло што може да му се случи на едно дете, да ги издржи сите предизвици, да ми откине парче од моето срце полно со очај, чемер, бес, лудило и на крај да ми соопшти: ‘Јас ова го кажав за да не им се случува на другите дечиња, не сум виновна, нели мамо?’“. Ова е трогателната порака која актерката Весна Петрушевска ја објави на својата страница на „Фејсбук“, со што јавно проговори за траумите што ги доживеала нејзината ќерка. Станува збор за случај кој го обелодени полицијата уште минатата недела, а кој ја вознемири јавноста. Станува збор за напад на малолетно девојче од страна на возрасен маж, кој се случил во саботата во темна гаража кај Млечниот ресторан во населбата Капиштец.

Благодарение на пријавата во полиција, насилникот е откриен. Обвинителството соопшти дека му е одреден триесетдневен притвор на 44-годишниот В.Л. од Скопје, кој се сомничи дека во саботата во населбата Капиштец извршил напад врз малолетно девојче.

Истрагата утврди дека околу 19:30 часот, педофилот го сретнал 12-годишното девојче, кое се возело со велосипед по булеварот „Иво Лола Рибар“ и улицата „Анкарска“. Детето му побарало 20 денари за сладолед, а тој ветил дека ќе и' даде 500 денари, но само доколку дојде со него до блиската гаража. Девојчето се согласило, по што осомничениот го извршил половиот напад. На заминување, на малолетничката и' се заканил да не кажува никому, но таа уште вечерта и' се доверила на мајка си, по што случајот е пријавен во полиција. По три дена, педофилот е пронајден и приведен.

1vesna

Во статусот на „Фејсбук“ им порачува на родителите да си ги чуваат децата, оти тие се „вашата вистина, поука, храброст, жестина, жилавост, врела солза, насмевка, надеж, љубов, вашата стерна...“.

„Дајте им го сето време на овој свет, оти кога ќе помислам што се случувало кога се соочила со монструм, ми оди да ги срушам сите планини на овој свет, да ја гушнам и никогаш да не ја пуштам. Моето дете е херој и секогаш верувајте на нивната љубов и искреност. Моето дете кое ги сака сите луѓе и им верува бескрајно“, порачува Петрушевска.

Изминатиот викенд, кога се случил грозоморниот настан, девојчето било на гости кај Млечниот ресторан во Капиштец. Како што дознаваме, и притворениот педофил живеел во најблиското соседство и добро го познавал девојчето.

Против него, сега е поднесена кривична пријава за полов напад врз дете кое не навршило 14 години.

(Видео) По ова прашање кое и го поставил Тоше во колата на Лилјана Петровиќ и било јасно што следува!

Времето поминува, а секој 16 октомври и по 18 години не престанува да боли.

Медиумите ширум регионот денеска се потсетуваат на трагично загинатата наша најголема музичка ѕвезда Тоше Проески.

Речиси со месеци неговата менџерка Лилјана Петровиќ беше топ тема во медиумите, а ексклузивно таа по 40 дена се огласи за телевизијата Нова.

Во интервјуто таа раскажа до детаљ што се случувало кобното утро, а еден детаљ особено и станал сомнителен.

Имено Тоше ја запрашал дали сонувала нешто чудно, а таа му рекла не, иако никогаш не ја прашувал такви работи…

Потоа раскажа како заспала, па го слушнала само ударот…

ФОТО: Карлеуша прошета со чанта од 15.000 евра

Сите знаеме дека Јелена Карлеуша има гардеробер и аксесоар кој вреди цело богатство, а како што и самата вели - ни сама не знае колку станови можела да купи со парите кои ги потрошила за гардероба.

Меѓутоа, таа нема намера да запре со купување на скапоцени работи, па овој пат инвестирала неверојатни 15.000 евра во Биркин чанта.

Со оглед на тоа дека нејзиниот сопруг потпишал мултимилионерски договор со фудбалски клуб во Кина, Јелена и тоа како може да си дозволи скапа облека.

Еве како изгледа нејзината нова љубов:

ФОТО: Погледнете ги сопругата и ќерката на Гоце Тодоровски

Гоце Тодоровски е име кое сите генерации го препознаваат најмногу по македонските народни приказни. Тој е еден од златната генерација на актери во Македонија, но откако минатата година се пензионира, Гоце Тодоровски сѐ повеќе време поминува со семејството.

Реномираниот актер кој сѐ уште активно игра во Драмски театар и синхронизира ТВ-серии, ретко споделува приватни фотографии на социјалните мрежи, а оваа е една од нив – празнична слика со сопругата Тања и ќерката Сашенка. Тодоровски има и син.

За жал по неговите чекори не оди неговата ќерка Сашенка Тодоровска, но затоа се има посветено на дизајнот. Ова е убавицата и гордоста на легендарниот Гоце Тодоровски:

Гоце Тодоровски е роден на 6 јули 1951 во Кичево. Тој по завршувањето на Факултетот за Драмски уметности при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ се вработува во Драмскиот театар во Скопје и веднаш се истакнува како мошне надарен и суптилен комичар. Покрај ангажманите во матичниот театар, тој беше често присутен на програмите на радиото и телевизијата учествувајќи во скоро сите хумористично – сатирични емисии, драми, серии и друго. Чест гостин беше и во другите театарски куќи во Македонија. На неговата последна претстава во Драмскиот театар пред неговото пензионирање беше испратен со громогласен 10 минутен аплауз.

Популарно