Божјо чудо во Велес- посетете го местото Црн Камен за здравје и среќа

Според народните верувања ова место се посетува за здравје и среќа, а можете и да птоверите колку сте грешни.

Во близина на Велес, над утоката на реката Тополка во Вардар се наоѓа манастирот „Св. Димитрија“.

Во непосредна близина е и местото викано Црн Камен –  Се наоѓа на дваесетина метри од црквата и низ него има дупка, премин низ кој луѓето минуваат.

Некаде околу 469 години манастирот останал затрупан и велешани го заборавиле, но во 1855 година на многу чуден начин бил откопан.

Според легендата на стотина метри од манастирот на десниот брег на реката Вардар имало воденица која била во сопственост на турското семејство Кади Молови каде што работел велешанецот Петре Здравев. 

Него на сон често му се јавувал Св. Димитрија и му велел да оди кај градските власти и да им каже дека се јавува светецот и бара да се откопа затрупаниот манастир.На иницијатива на Здравев чиј гроб денес се наоѓа на влезот во манастирот тој бил откопан и вратен во живот.Водопадот кој е висок педесетина метри, според верувањата има исцелителна моќ.  

Според народните верувања тука се доаѓа за здравје и ксмет. Кога се оди првиот пат се мине три пати под водата потоа се зема камен кој се чува до наредната година, кога повторно се мине три пати под водопадот.Застани под карпата кај што тече водата. Ако те намокри, чист си пред бога, а ако те заобиколи и ниту една капака не капне врз тебе, носиш некој грев на душата – ова е моќта на светата вода на Црн Камен, велат оние кои го познаваат местото.

Се поминува за здравје, најмногу за здравје на болни дечиња, како и за пород. Треба да се мине трипати Месноста Црн камен се посетува првиот петок после Велигден и во наредните 40 дена се до Спасовден.

ВИДЕО: Денеска се слават милоста, чудото и мудроста Божја

Денеска црквата ја слави милоста Божја што им даде син на старите родители на свети Јован, Захарија и Елисавета. Го слави и чудото што се зачна плод во утробата на Елисавета. Ја слави и мудроста Божја, бидејќи Јован беше оној што го истапка патот за целосното богојавување во реалната историска личност на Исус Христос. Црквата го слави свети Јован Претеча и Крстител во неколку прилики, зашто тој е граничниот камен на Стариот и Новиот завет и, како што рековме, почеток на целосното објавување на Бога како Света Тројца на празникот Богојавление, меѓу народот познат како Водици.

За Василица се крши погача со златник, велат од Бигорскиот манастир

Некои семејства лепчето со паричката го поделија за Бадник, други се подготвуваат тоа да го сторат за Василица која се слави следната недела. Секој крај си има свој обичај. 

Во се­ко­ја ку­ќа се ме­си крав­ја­че, пи­та или по­га­ча во ко­ја се ста­ва па­ра.

Си­те при­сут­ни во сво­јот дел од крав­ја­че­то ја ба­ра­ат па­ра­та и тој што ќе ја нај­де се сме­та за нај­среќ­ни­от во го­ди­на­та што прет­стои.

Некои од цр­ков­ни­те ли­ца се сог­ла­су­ва­ат де­ка за Бад­ник тре­ба да си до­ма. Но, ве­лат, леп­че­то со па­ри­че­то оста­ве­те го за Ва­си­ли­ца. Оби­ча­јот на Бад­ник да сед­не­ме на ма­са и да кр­ши­ме леп­че со па­рич­ка не е цр­ко­вен, ту­ку фолк­ло­рен оби­чај. 

Зошто на празникот на Св. Василиј се става златник или паричка, а не на Бадник? Одговор и детално појаснување за верниците за ова прашање пред неколку години дадоа надлежните од Бигорскиот манастир. 

- Свети Василиј им донесе и благослов на луѓето и радост заради избавувањето. Оттогаш и ние, на денот на Свети Василиј, 1. јануари, месиме василопита и внатре ставаме златник, во спомен на чудото, кое се случи во Кесарија, појаснуваат оттаму. 

Сепак на луѓето им останува да си го направат својот избор, дали лепче со паричка ќе има на Бадник или пак на Василица. 

Православните христијани го слават Бадник

Православните христијански верници во земјава денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик.

Одбележувањето на Бадник во Скопје ќе почне пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во организација на Здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник“.

Кум на годинашното одбележување е Радомир Макеларски, кој ќе го понесе ќупот за Бадник 2025, а здравичар е Атанас Петров, кој на платото пред Соборниот храм ќе ја каже здравицата во пресрет на Божик. 

Свештениците од Соборниот храм ќе ги осветат нафората и чајот, како и бадникарските гранчиња, што годинашните кумови и здравичарот традиционално порано ги набраа на падините на Водно, а кои ќе им се делат бесплатно на присутните.

Под мотото „Пренеси ја Божикната радост до секое срце!“, Христовото раѓање напладне во Скопје и други градови низ земјава,  ќе го најават децата со бадникови поворки, пеејќи ја „Вечниот Бог“.

Во Скопје се очекува да биде формирана досега најдолгата бадникова поворка, а за дечињата се подготвени повеќе од 3.500 коледарски пакетчиња.

Поворките ќе тргнат пред Музејот на Град Скопје, со движење низ улицата „Македонија“, а ќе завршат на Плоштадот во Скопје, каде што ќе се одржат голем Божикен концерт, креативни работилници за децата на кои секое дете ќе може да изработи своја ѕвезда и да ја зачува за следната година, драмски претстави за сите возрасти, како и традиционално дарување од градоначалниците, кои ќе ги пречекаат дечињата, како најрадосни предвесници на Христовото раѓање.

На плоштадот во Скопје уште претходно беше поставена пештера на Христовото раѓање, создадена од врвни уметници и волонтери.

- Бадниковите поворки и во 2025 година ќе внесат весела празнична атмосфера во домовите на сите православни христијани, ширум земјава и странство. Затоа, ајде сите заедно да ја пренесеме божикната радост во секој град, секое населено место, во секој дом и да го почувствуваме благословот на Христовото раѓање, порачаа од Здружението „Бадникови поворки“.

Поради одбележувањата на Бадник, денеска на подрачјето на Скопје ќе има посебен сообраќаен режим. Од СВР Скопје апелираат до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници. 

Македонскиот народ со многу внимание и почит ги одбележува овие празници. Божик е Господски празник и се празнува во спомен на раѓањето на Господ Исус Христос. Овој празник е матица на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера.

Семејството на Бадник се собира на заедничка вечера и според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Се прави богата, посна трпеза.

Домаќините се трудат да принесат од се по нешто за да им биде богата трпезата во текот на целата година. Се меси погача, а во некои места се прават зелници. Пред почнувањето на вечерата на која сите се собрани, домаќинот ја благословува трпезата, го крши кравајчето, а некаде го дели зелникот, на толку делови колку што има членови во семејството, оставајќи уште дел за Бога и дел за куќата.

Популарно