Нема повеќе криење - македонското девојче наскоро ќе рипа во тавче.
Денес главна тема на социјалните мрежи е запросувањето на нашата најпозната поп-пејачка Каролина Гочева. Честитки пристигнуваат од нејзината армија фанови, но и од нејзините колеги од естрадата.
Меѓу првите беше и нејзината колешка и многу блиска пријателка Елена Ристеска, која на својот профил на Фејсбук објави неколку приватни фотографии од новопечените младенци.
Како коментар на фотографијата, Ристеска напишала:
- Уште на ланскиот роденден на Михо знаев дека сте створени еден за друг, се гледаше по сјајот во очите.. А богами се гледа и на сликава што сум ви ја сликала тогаш.. :) Многу сум среќна другарке моја за вас, заслужи ваква среќа и ваков човек до себе, после толку премрежја. Среќата кога-тогаш доаѓа и вреди да се чека онаа вистинската љубов. Честитки, ве сакам.
Љубовниот живот на нашата најпозната поп-пејачка Каролина Гочева секогаш бил интересен за јавноста, а особено за медиумите кои секогаш пишуваа, се интересираа, а понекогаш и шпекулираа.
Но факт е дека познатата пејачка колку-толку го криеше својот приватен живот далеку од очите на јавноста.
Каролина на почетокот ја криеше и љубовната врска и со сегашното момче, односно идниот сопруг - уметникот Михаило Корубин, кој пред само еден ден клекна на колена и го запроси македонското девојче.
Ќе почнеме по ред:
Пливачот Маленко
Сигурно малкумина од вас се сеќаваат на времето кога Каролина беше во љубовна врска со пливачот Маленко. Тоа беше кратка врска и не толку експонирана.
Гроздан - Тренд
Е, за оваа врска на Каролина, веруваме дека многумина од вас се сеќаваат на големата љубов со бизнисменот Гроздан. Неговиот потег со билбордите на кој пишуваше „Каролина, те сакам“, се уште се памети.
Михајло Ражнатовиќ
Нашата поп-ѕвезда беше во љубовна врска со најстариот син на Аркан, Михајло Ражнатовиќ. Причината за раскинувањето на оваа врска наводно биле нивните различни карактери, но, и добро познатата изрека- "Далеку од очи далеку од срце". А шпекулациите одеа до таму што се зборуваше дека Каролина наводно добила понуда за брак и преселба во Белград, по што дефинитивно решила да се повлече.
Дино Балиќ
Каролина и скопјанецот Дино Балиќ беа во врска четири години. Двајцата не ја криеа нивната љубов, па на сите јавни настани се појавуваа заедно.
Јован Пановски
Врската на Каролина и бизнисменот Јован Пановски траеше повеќе од две години. Тогаш медиумите пишуваа дека и на двајцата им паднало тешко по раскинувањето.
Николаос Саитис
Како гром од ведро небо одекна информацијата дека Гочева е во љубовна врска со извесен Николаос или познат како Нико, кој имал своја фабрика за текстил во Битола. Тогаш двојката честопати можеше да се забележи во битолските кафулиња, но нивната љубов не траеше многу долго.