Крвав божиќ или македонска крвава коледа

7 јануари 1945 година, првиот ден на Божиќ, по список составен од Лазар Колишевски во Вардарска Македонија се убиени без суд и пресуда 1200 луѓе. На 26 декември 1944 година, неколку дена пред Божиќ 1945 година во касарните во Скопје и Штип се побуниле неколку илјади војници и над 100 офицери.

Тие не биле согласни со дојдената заповед од Белград да заминат на фронт во заштита на Србија. Ја изјасниле својата желба војската да се насочи кон Солун, за да се ослободат сонародниците од Егејска Македонија.

Пратениците на Тито, Светомир Вукманович – Темпо, Лазар Колишевски и ген. Михајло Апостолски одлучуваат, дека сега е моментот за пресметка со приврзаниците на “бугарскиот окупатор”. Тие ги собираат околу себе српските офицери и им кажуваат дека побунениците се некакви “бугараши”, “Ванчомихајловисти”, “ВМРО-вци” и “фашисти”.

Ген. Апостолски ги примамува на побунетите офицери во Офицерскиот клуб во Скопје “за да разговараат за ова прашање”. Таму веднаш ги разоружуваат, уапсуваат и ги затвораат во занданите на старата турска тврдина “Кале”. По кратко испрашување, водено лично од Темпо само за неколку часа се стрелани над 70 офицери. Пред испрашувањето Темпо на секој му велел: “Хочеш Солун, еве ти га…”.

Војниците кои веќе се прибрале во касарните почувствувале дека со нивните офицери нешто се случува и околу 1000 од нив повторно се насочуваат кон центарот на Скопје. Таму се пресретнати од добро забарикадирани српски партизани, кои започнуваат против нив безмилосна автоматска стрелба.

Убиените на плоштадот се околу 100, над 900 се уапсени и затворени во “Кале”. Таму се чуваат повеќе од еден месец без леб, вода и ќебиња. Речиси сите умираат од глад и студ. На 6ти спрема 7ми јануари 1945 година започнало масовно истребување на градоначалници, свештеници, учители, обични селани низ цела Македонија. Тие биле нарекувани “бугараши” и “помагачи на бугарскиот фашистички окупатор”, без суд и пресуда. Се употребувал штотуку изгласан закон за заштита на македонската чест”

Најголемиот глечер во Шпанија може да се стопи за десет години

Научниците предупредија дека најголемиот глечер Ането, на Пиринеите во Шпанија, би можел целосно да се стопи во следните десет години поради високите температури.

Весникот „Ел Паис“ пишува дека група истражувачи од Пиринејскиот институт за екологија пронашле формации кои содржат саѓи, бактерии и честички од карпите на дното на најголемиот глечер во земјата, Ането.

Утврдено е дека предметните црни мукозни формации го забрзуваат топењето на глечерите.

Истражувачот Начо Лопез-Морено и неговиот тим ја измериле дебелината на глечерот користејќи копнен радар (GPR).

Научниците утврдиле дека стапката на топење на Ането е тројно зголемена од 1981 година. Само минатата година се стопи триметарски слој од глечерот, а од 1981 година дури 30 метри. Глечерот досега изгуби 64 отсто од својата маса.

Истражувачите соопштија дека има 21 глечер на Пиринеите, од 52 што постоеле во 1850 година. Постојните глечери изгубија до 91 отсто од својата површина.

„Глечерот во последните години секоја година губи по 1,5 метар. Под претпоставка дека неговата просечна дебелина е 11 метри, глечерот не може да трае долго“, рече Лопез-Морено и додаде дека глечерот Ането може да исчезне за десет години.

Третиот екстремен топлотен бран во Шпанија летово го собори рекордот за највисока измерена температура на воздухот, покажуваат податоците регистрирани од 1928 година.

Шпанскиот метеоролошки институт (AEMET) објави дека на 18 јули е измерена рекордна температура од 45,4 степени Целзиусови во областа Фигерес во Жирона.

Нутриционист тврди дека само 1 чаша доволна е да го забрза вашиот метаболизам и да почнете да слабеете

Многу е важно што внесуваме пред спиење во организмот, заради квалитетот на сонот, но и заради целото тело.

И додека сонуваме трошиме калории, а покрај корисните совети на нутриционистката Александра Седларециќ можете тој процес да го зголемите само доколку пред да си легнете во кревет консумирате напиток од само две состојки.

Според зборовите на експертот за здрава исхрана, постојат намирници кои дополнително го стимулираат согорувањето масти и калории, а на тој начин му овозможувате и на метаболизмот да функционира без проблем, што за резултат ќе имате помалку килограми на вага.

„Пред спиење може да практикувате да пиете 1 цеден лимон со 300 милилитри вода или да додадете во водата една лажичка цимет“, вели нутриционистката.

Но, Александра преферира пред спиење да пие и ѓумбирова вода.

„Потребен ви е еден свеж корен ѓумбир и 1,5 литри вода. Исечкајте го ѓумбирот којшто претходно добро сте го измиле под млаз млака вода. Ќе ви бидат потребни 5 потенки кругови ѓумбир од коренот. Во сад со вода ставете ги круговите ѓумбир, па варете ги на мала температура околу 20 минути. Потоа тргнете ја течноста од оган, поклопете и оставете да се излади“, вели нутриционистката.

Ѓумбирот содржи многу витамини, минерали, здрави масти и полифеноли кои делуваат како антиоксиданти. Неговата ефикасност за слабеење ја докажуваат и многу истражувања – ѓумбирот содржи соединенија кои се нарекуваат гингероли кои го забрзуваат метаболизмот.

Не смеете да заборавите и дека тајната на витката фигура е во здравата исхрана, физичката активност и секако посветеноста.

Здравата исхрана комбинирана со физичка активност треба да стане ваш нов начин на живот.

Почнува „Ерата на глобално затоплување“

Екстремните летни жештини и загадувањето на воздухот во јужен Ирак јасно покажуваат дека започна „ерата на глобално затоплување“, изјави шефот на Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации, Волкер Турк.

Тој ги даде своите коментари на крајот од четиридневната посета на Ирак за време на која се сретна со локалните лидери и патуваше низ земјата, каде температурите понекогаш достигнуваа и 50 степени Целзиусови. Целта на посетата на Турк беше да се разговара за човековите права со фокус на климатските промени.

„Да се биде во жешкото во овој предел, дишејќи го воздухот загаден од многуте запалени факели распоредени во регионот – ми стана јасно дека ерата на глобално затоплување започна“, рече Турк на прес-конференција во Багдад.

Тој зборуваше за времето поминато во Басра, јужниот дел на Ирак што произведува нафта. Според ОН, Ирак е меѓу земјите најранливи на климатските промени.

Популарно