Пресметка: Името на мажот открива каков е во кревет

Земете лист и пенкало и пресметајте. На секоја самогласка во името на мажот (А, Е, И, О, У) доделете и го соодветниот број и соберете. Доколку добиете двоцифрен број, соберете ги неговите цифри за да добиете.

А-1

Е-5

И-9

О-6

У-3

Резултати:

1.

Тој е прилично вешт во креветот – но само кога е расположен и кога навистина сака секс. За жал, тоа не е баш често. „Уморен сум“, „Имав напорен ден на работа“, „Не можам ништо да правам“ се реченици кои често ги изговара. Околу него навистина ќе морате да се потрудите, се додека конечно не се сложи да имате секс. А кога ќе се случи тоа, ќе биде исклучително нежен и страствен љубовник.

2.

За овој маж никако не смееме да тврдиме дека е совршен љубовник. Имено, овој маж е досаден и е бледа сенка на љубовникот кој секоја жена би сакала да го има покрај себе. Тој сака да се фали, но притоа кажува многу лаги. Доколку се посвети повеќе на себе, можеби тогаш би дознал што е страст и желба. Затоа, помогнете му подобро да се запознае.

3.

Овој маж обожава жесток секс. Но, притоа обраќа внимание и на желбите на партнерката. Ќе се погрижи за романтичната атмосфера и ќе и посвети доволно време на избраничката. Сепак, ова негово однесување не делува спонтано. По неколку недели поминати со него имате чувство дека испланирал се однапред и набргу ќе ви стане здодевен. Затоа ви ја препорачуваме следнава тактика: изненадете го и направете се за здодевноста да не биде дел од вашиот љубовен живот.

4.Со овој маж можете да доживеете прекрасен секс – но само ако имате интереси и желби исти како него. Тој никогаш не одбива, дури е подготвен да се преправа дека му одговара одредена работа иако не е така. Тоа сепак не значи дека сака игри, туку можеби повеќе му одговара масажа или одредени пози. Доколку тоа не ви се допаѓа – ќе се најдете во неволја.

5.Станува збор за еден исклучително шармантен маж. Тој ги знае вашите тајни и умее да ве доведе до лудило со само еден допир. Понекогаш и погледот е доволна причина да ве усреќи. Сепак, никако не смеете да го прашате аде ги научил сите техники – тоа може да го повреди.

6.Позади овој број се крие следнава порака: тој сака секс, но во себе носи и нешто „животинско“. Бројот 6 е ѓаволски број. Кога ќе се опушти, нема да можете да го сопрете. Можеби токму та ви се допаѓа? Одлично! Доколку сакате да доживеете неверојатна среќа, да почувствувате интензивна страст и емоции, сигурно нема да се одвојувате од овој маж.

7.Ниеден маж нема да покаже повеќе чувства од него. Тој умее да го сослуша својот соговорник, многу е внимателен и нежен љубовник. Сака да слуша романтична музика и да ужива со сите сетила Дали навистина постои таков маж? Да! Доколку ви се допаѓа, препуштете му се и заборавете на се околу себе.

8.Осум е бројот на бесконечноста, а вие имате маж кој не знае кога е доста. Тој секогаш сака секс и тоа интензивен. Навистина ќе ви биде прекрасно доколку сте и вие такви. Во спротивно ќе морате да ги задоолите неговите сетила на друг начин. Зошто да не? Сето тоа само ќе ја разбуди неговата страственост. Сонот наа многу жени всушност е да бидат со ваков маж.

9. Бројот девет симболизира „дивина“. Кога овој маж ја демонстрира страста, ќе имате чувство дека сте допреле до некој друг свет. Нему сексот му е во крвта, а уметноста во заведувањето е неговото второ име. Единствен проблем е што ништо друго не му е на памет.

6 знаци дека имате добар сопруг

Каков треба да биде идеалниот сопруг? Вистинските жени знаат дека физичкиот изглед не е толку важен колку што е важен карактерот и неговото однесување. Овие знаци покажуваат дека имате добар сопруг.

Со него се чувствувате убаво

Со него никогаш нема да се чувствувате лошо. Без разлика дали станува збор за тоа дали се двоумите дали фустанот ви стои добро, дали размислувате како да ги завршите работните обврски или сте тажни – вистинскиот маж ќе ви помогне да се справите со сите ситуации и ќе ви покаже дека може да му верувате.

Добриот сопруг никогаш не се обидува да ве манипулира. Тој нема потреба да ве контролира каде и со кого излегувате кога не сте дома бидејќи ви верува.

Добриот маж нема ве спречи да ги остварите вашите сонови туку ќе ви помогне да ги реализирате. Ќе ви биде најголема поддршка, а по потреба и рамо за плачење. Нема да ви допушти да се откажете од вашите планови и идеи.

Не помислува на неверство – во неговиот живот има место за само една жена, а тоа сте вие.

Знае дека треба да имате време само за себе

Добриот маж знае дека за успешен брак е потребен компромис и дека секој од вас треба да има слободно време за себе. Тој ве поттикнува да минувате време со вашето друштво, да одите на концерт или да се занимавате со вашето хоби. 

Секогаш ви ги дава најдобрите совети

Ако го замолите за совет, ќе ви го каже своето мислење, но никогаш нема да ви го наметнува неговото и да ве тера да размислувате исто како него.

Стиснете ја оваа точка на телото, со причина ја нарекуваат „врата на рајот”

Симптомите на стрес се бројни и непријатни. Главоболки, дигестивни нарушувања, несоница и нервоза се некои од ситуациите кои можете да ги решите во само неколку минути со притискање на една точка.

Стресот е секојдневна појава, која повеќето од нас ја доживуваат. Освен нервоза, постојат многу физички симптоми, како што се главоболка, недостаток на енергија, пад на имунитетот, па дури и дигестивни нарушувања.

Кинескиот метод на третман познат како акупресура објаснува дека постојат одредени антистресни точки на човечкото тело, со чија стимулација телото се опушта и го ублажува стресот.

Една таква се вика Шен Мен, која во слободен превод значи „врата на рајот”.

Со притискањето на ова антистресно место се намалува стресот, се зголемува енергијата и се зајакнува имунитетот, ја ублажува болката. Точката се наоѓа на внатрешниот горен дел на увото, а со мало триење станува активна.

Еве како со масажа на точка Шен Мен можете да го опуштете телото и духот:

Со стапче за уво притиснете ја точката и нежно масирајте.

Дишете полека и длабоко, слушајте го вдишувањето и издишувањето.

Додека дишете, погледнете лево, а за време на издишување на десно, но без да ја вртите главата.

Постепено ќе се чувствувате како вашето тело се релаксира, симптомите на стрес ќе се намалат.

Совети:

Точката можете да ја масирате и со врвот на прстите.

Масирајте ја точката секогаш кога чувствувате дека сте под голем стрес

Оваа постапка можете да ја повторувате секој ден пред спиење.

Жените “паѓаат“ на овие три работи кај мажите

Иако секој човек има свои карактеристики, длабокиот глас, висината и брадата често се издвојуваат како клучни фактори кои ги привлекуваат жените на прв поглед.

Често се вели дека вкусовите не се за дебата. Сепак, што е тоа што го привлекува вниманието на жените кога првпат ќе запознаат маж? Дали се тоа рамената, очите, рацете или можеби целиот изглед?

Многу жени тврдат дека првиот впечаток често го одредува гласот. Особено кога мажот има длабок, речиси доминантен глас. Тие се убедени дека гласот може целосно да ги засени сите други карактеристики на мажот.

Што е уште поинтересно, жените тврдат дека убавиот тон на глас може значително да го трансформира првиот впечаток за мажот. Мажите со подлабок глас предизвикуваат впечаток на моќ и сексипилност, оставајќи впечаток на самодоверба.

Но, постои уште едно оружје кое датира со векови наназад – висината на човекот. Жените се чувствуваат побезбедно со повисоки мажи. Универзитетот во Јута спроведе студија која покажа дека повисоките мажи почесто се грижат да ги заштитат другите отколку пониските мажи.

Ако длабокиот глас и висина ги надополниме со брада, добиваме неодолива комбинација.

Бројни студии покажуваат дека повеќето жени сè уште претпочитаат брада отколку избричено лице.

Популарно