(ФОТО) Последно збогум – погребан познатиот рок-пејач Влатко Илиевски

Денеска на гробиштата во Ѓорче Петров беше погребано телото на прерано починатиот рок-пејач Влатко Илиевски (33).  На погребот присуствуваа голем број на негови пријатели, соработници, колеги и роднини, кои дојдоа да го испратат популарниот пејач за последен пат.

Меѓу присутните кои ги забележавме беа: Сашко Коцев, Нина Деан, Марјана Станојковска, дуото „Некст Тајм“, Дани Димитровска, Бојан Јовановски, Биба Додева, Марко Маринковиќ – Слаткар, Роберт Билбилов, Огнен Неделковски, членовите на бендот „Морал“, Дарио Панковски, Џина Папас Џокси и уште многу други.

Неговото беживотно тело беше пронајдено во петокот ноќта во неговиот автомобил, а од МВР соопштија дека врз Влатко не биле пронајдени знаци на насилство, а причината за смртта ќе се дознае за неколку дена.

останатите  фотографии  тука 1 TV

ФОТО: Додека пееше беше закопчана, сега покажа колку е секси

Маја Марковиќ откако си замина од „Луна“ се обиде да направи соло кариера која не траеше долго, па замина на брод.

Додека беше пејачка секогаш беше пристојна, а сега сите ги изненади со секси фотографиите.

ФОТО: Северина сподели трогателна семејна приказна!

Северина се појави на концерт во Хрватска , на кој публиката ја виде нејзината нова линија .

Северина никогаш не била послаба , а публиката беше воодушевена од нејзиното танцување. Минатиот месец Северина преживеа бројни скандали , како разголените фотографии , а потоа и изгубеното старателство над синот и неговиот упис на училиште.

Ова слатко бебе од фотографијата е Северина, сликана во друштво на својата мајка Ана.

Фотографијата ја објави пејачката на својот Инстаграм профил, а сподели и една трогателна приказна поврзана со нејзиното раѓање.

“Беше 5 месеци во кома откако се породи со мене, но преживеа и веднаш ме научи дека е подготвена и да умре за мене, исто како и јас за својот син. Ти благодарам мамо, ти благодарам за се! “ – напиша Северина под споделената фотографија.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Severina Kojic (@severina) on

Хрватската пејачка Северина Којиќ, во емисија на RTL зборуваше за борбата околу старателството над синот Алексндар.

„Мислам дека не е време за молчење, како и секоја мајка која се бори за старателство за своето дете, велам дека институциите не си ја вршеа својата работа. Јас постојано се водев по тоа дека молчењето е злато, за да го заштитам своето дете, но сега знам деа морам да зборувам за да го заштитам синот“, вели Северина, на прашањето зошто се одлучила јавно да зборува околу спорот со поранешниот сопруг, Милан Поповиќ.

Кога одлучив засекогаш да одам од таа врска, а потоа ми објаснија дека сум била изложена на психичко малтретирање, тогаш тој ми се закануваше дека ќе ми го загрози животот. Дека ќе зборува во медиумите за мене. Мислев дека е само лут, но ми кажа дека ќе ми го земе детето, раскажува Северина, додавејќи дека Поповиќ, до третата година на Александар, не го видел синот 18 месеци.

На суд кажа, Поповиќ изјавил: „Mислев дека во првата година од животот на синот не му е потребен маж“.

„Да се зборува за заедничко родителство, а да не се учествува во него, се два пара на ракавици“, изјави Северина.

Таа вели дека била „досадна мајка“ и му праќала пораки на Поповиќ бидејќи тој ги пропуштил „првиот заб и првите чекори“ на синот.

„Не е работата во тоа дали ќе останам без детето, туку дали детето ќе остане без мајка“, вели Северина, која исто така се пожали на работата на Центарот за социјални работи.

Кога Милан Поповиќ во еден момент 13 дена не го врати детето кај мене, тогаш апелирав кај Центарот, од каде што ми кажаа самата да појдам по детето. А, тогаш бев во ситуација да не се изложувам на стрес бидејќи одев на вонтелесно оплодување. Отиде мојата мајка, а тој не сакал да и го даде детето. Морав да разговарам сополиција. Дури кога му кажале дека ќе поднесат пријава протв него, го врати детето. Секако, поради стресот го изгубив детето, но ова немам намера да го изгубам“, кажа Северина, во интервју на RTL.

Популарно