Како да ја полудите во креветот?

Истражувањато покажуваат дека повеќе од 60% од жените глумат оргазам, а тоа го прават од најразлични причини. Но, убедливо на прво место од мотивитите поради кои глумат оргазам е потребата партнерот да се почувствува како врвен љубовник. Жените се подготвени да се откажат од своето задоволство само поради среќа на партнерот. Но, експертите ја осудуваат оваа женска (лоша) навика и велат дека истата може да ја уништи врската.

Научно е докажано дека жените со маструрбирање можат да доживеат оргазам за 4 минути, додека при секс со партнерот потребното време за оргазам е пет пати подолго.

Следниве неколку трикови доведуваат до големо возбудување и поголемо ужување со партнерот:

КОРИСТЕТЕ ВИБРАТОР

Легнете на грб, еден до друг со вашиот партнер. Бакнувајте се со затворени очи. А, со помош на вибратор стимулирајте го клиторисот. Препуштете се на благодетите на оваа сескси играчка и уживајте.

ПОЗА КРАЛИЦА

Ова е одлична поза за девојките бидејќи ја имаат сета контрола, а воедно добиваат и јака клиторична стимулација. Дополнително, партнерот може да ги стимулира градите на својата партнерка што оди во прилог на дополнително возбудување.

DOGGY STYLE

Иако во оваа поза изостанува контактот со очи, сепак доколку сте препуштени на фантазијата може да доживеете ерупција од оргазам. Партнерот има за задача да ги стимулира ерогените точки на својата девојка како возбудувањето би било поголемо.

Зошто е опасно да гледате порно на мобилен?

„Гледањето порно филмови на мобилни телефони претставува многу поголема закана по корисниците отколку гледање порнографија на десктоп компјутери. Оперативните системи на смартфоните, особено Андроид, далеку се понебезбедни од оперативните системи на десктоп компјутерите, со оглед на големата ранливост која ИТ криминалците би можеле да ја злоупотребат“, предупредува „Wandera“.

„Wandera“ исто така спровела истражување кое покажало дека 40 од 50-те најпопуларни порнографски сајтови се чувствителни на вируси.

Станува збор за вируси кои можат да се инсталираат на вашиот телефон и кои можат да собираат приватни податоци за корисничките навики, а хакерите потоа да ги искористат тие сознанија за уценување на сопствениците на мобилни телефони.

Минатата година така протекоа лични податоци на повеќе од 800.000 корисници на сајтот „Brazzers“, а исто така постои начин да некој ги види сите сајтови кои сте ги посетиле иако сте ја избришале историјата, пишува News.

Нема врска со љубов или страст: Еве зошто изневеруваат жените

Големи анкета на странскиот дeјтинг сајт “Gleeden” бара одговор на тоа зошто жените ги изневеруваат своите сопрузи. Речиси 9 од 10 дами кои учествувале во анкетата, изјавиле дека полудуваат од недостатокот на помош во домаќинството. 

Можно ли е тоа да биде главната причина?

Во истражувањето спроведено во форма на интернет анкета, учествувале вкупно 10 000 Француинки. Секоја од нив требало да пополни анкета, во која ќе каже како ѝ влијае расположението од интимниот живот.

Резултатите се неверојатни:

73% од француските дами споделиле дека во даден момент ги изневерувале своите сопрузи. Главната причина за прељубата жените ја наоѓаат во зголемените тензии меѓу нив и партнерите.

84% од жените тврдат дека домашните обврски во најголема мера се одговорни за појавата на тензии меѓу вљубените. Така ја распукува и довербата меѓу нив.

Според истражувачите, кога меѓу две лица кои живеат заедно, се појави жестока противречност за мали нешта (како на пример едноставно перење или кој да пушти правосмукалка), најпогодени се претставниците на понежниот пол.

Податоците од анкетата покажуваат дека една од десет жени  изневерила заради ситни кавги од секојдневниот живот кои поставиле растојание помеѓу неа и нејзиниот сопруг.

Слични резултати беа објавени и во весникот “Брак и семејство” во текот на летото на 2016-та. Американското истражување покажува дека кога сопругот одвојува по 7 часа неделно за задолженија, квалитетот на сексуалниот живот се крева 5 пати.

Овие жени се најнезадоволни од сексот

Истражувањето на јавното здравство на Англија на повеќе од 7.300 жени открива дека една од секои четири жени не е задоволна од својот сексуален живот.

Истражувањата ги опфатија проблемите поврзани со репродуктивното здравје, како и задоволството од сексуалниот живот. Жените во време од 25 до 34 години биле помалку задоволни од својот сексуален живот, додека 49 посто се жалеле на недостаток на сексуално задоволство. Незадоволството на жените е помало кај жените во времетраење од 55 до 64 години.

Истражувањето открива дека жените незадоволни од својот сексуален живот откриле и дека се незадоволни со комуникацијата со партнерот и дека имале дијагностицирани сексуално преносливи болести. Додека оние жени со повисоко ниво на сексуално задоволство се поврзале со непостоење на сексуално преносливи болести, добра комуникација со партнерот и користењето на контрацепција.

Популарно