Јутјуб, Епл и Фејсбук ќе ги укинат содржините на теоретичари на завера

Големите компании соопштија дека ќе ја отстранат или ќе ја запрат содржината на ултрадесничарскиот медиум  „Инфо ворс“, чиј основач е теоретичарот на завери Алекс Џонс.

Епл соопшти дека ги отстранил подкастите на „Инфо ворс“ од својата „Ајтјунс“ електронска продавница и апликација за подкастинг.

„Авторите и произведувачите на содржини мора да ги почитуваат нашите правила кои се многу јасни бидејќи сакаме нашите корисници да бидат безбедни“, се наведува во соопштението на Епл.

Фејсбук, исто така, го укина профилот на Алекс Џонс.

Реториката на Џонс кон трансродните лица и муслиманите е многу потценувачка и запалива, што е една од причините поради кои Фејсбук ги отстрани неговите содржини.

„Сите треба да имаат право да изразат мислење, но исто така сакаме сите корисници на Фејсбук да бидат безбедни. Поради тоа мора да ги укинеме сите содржини кои не се во согласност со нашите правила, вклучувајќи говорна омраза и понижување на други“, соопштија од Фејсбук.

Јутјуб, исто така, го укина каналот на Џонс, кој го следеа 2,4 милиони луѓе.

Алекс Џонс се стекна со слава со помош на теориите на заговор кои ги пропагира, вклучувајќи ги и оние дека нападот од 11 септември и масовното убиство во Основното училиште во „Сенди Хук“ во Конектикат се лажни, односно дека ги изрежирала американската Влада.

ВИДЕО: Погледнете со која брзина може да преземете содржини на 5г-мрежа

Според најавите на операторите, 5Г би требало да овозможи масовно вмрежување на интернетот, да ги трансформира животите и работата на луѓето и да стане темел на развиените паметни дигитални општества.

Иако комерцијалната употреба на светско ниво треба да почне во 2020 година, некои големи компании како „Т-Мобиле“, „Водафон“ и кинескиот и корејски „Телеком“ веќе имаа пробни лансирања на технологијата во многу земји, од Кина преку САД, до Германија и Хрватска. Во Јужна Кореја уште од декември 2018 година сите оператори истовремено покренале 5Г.

Во САД, „Веризон“ овозможи пристап на 5Г-мрежа на неколку локации и ги повика технолошките новинари да ја пробаат. Џорџ Коронеос на „Твитер“ ја објави тест-брзината на 5Г-мрежата на новиот „самсунг галакси С10“, а снимката стана вирална. Брзината на преземање содржина од 1.098 мегабајти во секунда воодушеви многумина.

Така, на 5Г-мрежа може да се преземе филм во висока резолуција за само неколку секунди. И резултатите на другите беа импресивни.

- Три теста на 1+ гигабајти во секунда, еден на 650, еден на 643 - објави репортерката Џесика Долкорт.

Извор: Факултети.мк

Колку треба да се биде внимателен со мобилните телефони поради корона вирусот

Од корона вирус од првиот забележан слачуј во градот Вухан во Кина, па до денеска, заболеа скоро 110.000 лица, додека починаа повеќе од 3.800, велат последните податоци, а статистиката исклучително брзо се менува, а се поставуваат и прашања како да се заштитиме, на што треба да се обрне внимание, па така и луѓето трехба да бидат внимателни со мобилните телефони.

Дека корона вирусот се пренесува од човек на човек, СЗО соопшти на 23. јануари оваа година. а се смета дека вирусот се пренесува со кашлање и кивање.

Меѓутоа, експертите велат дека може да преживее и на површина, со денови. Затоа треба редовно да се чистат мобилните телефони.

Главните производители на овие уреди напоменуваат дека средствата кои содржат алкохол, како и разни дезинфекциони средства, но и марамчињата за стерилизација може да го оштетат заштитниот слој на екранот.

Препорака на експертите е затоа телефоните да се чистат на следниов начин: пешкир за еднократна употреба треба да се натопи со сапуница, добро да се исцеди и лесно со тоа да се исчисти апаратот.

Кинеската влада ги советувала сите банки да ги стерилизираат парите пред да ги пуштат во оптег. Меѓутоа, тоа не е 100 отсто сигурна заштита па екпертите истакнуваат дека картиците носат помал ризик од кованиците, односно банкнотите.

Научниците велат дека алгите би можеле да ги заменат горивата

Истражување покажува дека алгите можат да бидат одржливо алтернативно фосилно гориво бидејќи алгите за време на растот го извлекуваат јаглен-диоксидот од атмосферата.

За истражувањето на горивото од морски алги, кои научниците го нарекуваат биогориво од третата генерација се користат обични автомобили.

Десет отсто резервоарот на тест-автомобили се полни со „морско гориво“, а остатокот со бензин.

-Го мериме јаглен-моноксидот, јаглен-диоксидот и нитроген-оксид. Емисијата која ја добивме од горивата од морските алги се потполно на исто ниво, како и она што го добиваме од горивото од пумпа, вели механичкиот инженер, Стен Франдсен.

Истражувачи планираат да го зголемат делот на морско гориво, уверени дека човештвото во наредните години ќе мора да премине на биогориво.

Морските алги се одржуваат. Растат секаде, а потребно е само сонце и море, кои покриваат две-третини од нашата планета.

Сепак, предизвикот на Европскиот истражувачки проект е како да се произведе новото гориво во индустриски размери.

-Кога пред неколку години почнавме со проектот, работевме со квадратни метри. Денес работиме со хектари, а во блиска иднина ќе одиме на квадратни километри. Денес цената на биогоривото на база на морските алги е превисока, веројатно 100 пати поскапа од обичното гориво. Но, наскоро цените ќе паднат и ќе станеме конкурентни на традиционалните горива, вели хемискиот координатор на проектот Берт Гроенендал.

Научниците проценуваат дека оваа технологија може да биде профитабилна во голем обем за околу 25 години.

Популарно