Се породи една од најубавите Македонки

Една од најубавите македонски манекенки и топ модели, Цеце Орешкова се породи и на свет донесе женско бебенце.

Цеце на Кристијан на свет му  донесе прекрасната ќеркичка. Малата принцеза, доби, барем за македонски поими  необично име: Кара Розмари. 

Пред Меган 7 години ја сакаше неа и планираше свадба, но таа го остави

Неколку години пред да ја запознае Меган Маркл принцот беше во врска со Челзи Дејвис, долгогодишната девојка со која за малку ќе се оженеше.

Таа беше гостинка на неговата венчавка, како и на венчавката на Кејт и Вилијам.

Таа му раскина на принцот, а во 2015. летото пробаа да се смират, но не одеше. Челзи држеше до одлуката дека не сака многу да се појавува во јавност. 

Таа призна дека медиумите и пречеле, сакала да живее нормално и затоа не можела да го поднесе тој притисок.

Парот остана во пријателски односи.

ФОТО: Неодоливи фотографии од ќеркичката на Луисана Лопилато

Луисана Лопилато и Мајкл Бубле се среќни родители. Откако нивниот мал син се избори со рак на црниот дроб, се роди нивната трета радост – ќеркичката Вида.

Фотографката Абигаил Кингли сподели две професионални фотографии од бебенцето. На едната е прикажана Вида во слатка облека, додека на другата, Луисана ѝ ги држи малите стапала во својата рака.

На фотографијата се гледа тетоважа на раката на Лопилато на која се испишани имињата на двете синчиња Ноа и Елијас.

Луисана ја роди Вида на 25 јули. Ѕвездата од серијата „Млади бунтовници“ и познатиот канадски пејач се венчаа во 2011 година.

Парот ги шокира своите фанови кога во ноември 2016 година објави дека Ноа се бори со рак на црниот дроб. Тие веднаш се повлекоа од сцената и се посветија на приватниот живот.

ФОТО: На модните писти изгледа како милион долари, но без шминка и фотошоп...

Светски популарната манекенка Александра Амбросио покажа како изгледа кога има лоши денови.

Папараците ја фотографирале испотена додека вежба во теретана, а сите веднаш ги воочија акните на лицето. Изгледот сите ги изненади, па коментираа дека не е можно вака да изгледа.

Бразилската манекенка и поранеше ангел на Викторија сикрет пред 5 месеци ја прекина врската со момчето, со кое беше во врска повеќе од 10 години.

Погледнете како манекенката изгледа без грам шминка:

Популарно