Шекеринска: Ако го смениме името НАТО, ЕУ и Грција ќе го дигнат СДСМ до небеса

Да сакаше СДСМ да го промени името, досега 10 пати ќе го променевме, изјави не толку далечната 2010 година Радмила Шекеринска.

Сега, очигледно, владејачката партија смени став. Освен името, ге смени и уставот.

ФОТО: Џафери потпиша- Законот за јазиците е објавен во „Службен весник“

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на својот официјален профил на Фејсбук објави дека Законот за употреба на јазиците, или во јавноста познат како Закон за албански јазик, е објавен во „Службен весник“. Ова значи дека законот и официјално стапува на сила.

Карактеристично е тоа што од донесувањето до објавувањето во „Службен весник“ на Законот за јазиците помина точно една година. Законот за јазиците беше донесен на 11 јануари 2018 година или на истиот ден кога во Собранието, но година дена подоцна, беа изгласани уставните измени.

Џафери изминатиов период неколку пати изјавуваше дека Законот за употреба на јазиците ќе излезе во „Службен весник“ едновремено со уставните амандмани.

Министерот Манчевски ги нападна ракометарите на Твитер

- Политиката надвор од спортот. Поздрав до репрезентативците – политичари. Доста делби”, напиша министерот за јавна администрација и информатичко општество, Дамјан Манчевски на Твитер.

Министерот во чија надлежност е и МТВ2 која емитува на албански јазик и која го нападна Столе Стоилов во директен пренос, не кажува ништо за навредите и бојкотот на спортската редакција на МТВ2 кон Стоилов.

„Забранет влез за кучиња и северо-македонци“ во Вевчани

Мал е плоштадот во Вевчани да ги собере илјадниците посетители кои денеска го чекаа почетокот на познатиот Вевчански карневал. Поворката на маскираните василичари почна, а во 15.00 часот традиционалните маски на младоженецот и невестата заиграа оро на плоштадот.

Карневалот официјално за отворен го прогласи министерот, Дамјан Манчевски.

Освен традиционалните, голем е бројот на маски кои упатуваат на политичките состојби. Во дефилето има маски на политичари, на Сорос и на Усаид, на Бејли и Пешевски, а параглајдерист со себе носи транспарент „Летаме за Европа“.

Популарно