ФОТО: Сани со емотивна порака го честита роденденот на ќерката

Постарата ќерка на фолк пејачката Сања Сани Гроздановска, Викторија  денес слави роденден, а по тој повод нејзината мајка се огласи на социјалните мрежи и напиша емотивна порака.

– Мојата поддршка, мојата другарка, мојата среќа, мојата душа и срце….моето сè. Мојот свет денес полни 9 години. Среќен роденден кукло мајкина, да си жива и здрава!, напиша Сани во описот на фотографија која ја објави на својот Фејсбук.

Инаку, претходната година во ноември месец, Сани се оствари во улога на мајка по втор пат, а Викторија ја доби сестричката Ева.

ФОТО+ВИДЕО: Сега е една од најубавите жени на Балканот

Денес е една од најпопуларните пејачки на Балканот, но и една од најубавите. Препознатлива е по својот фантастичен стил, но и отменост и фин сексипил со кој зрачи и во најопуштено издание.

Нина Бадриќ е една од оние жени кои од година во година изгледа се подобро, па можеме слободно да кажеме дека сега и во петтата деценија од животот изгледа поубаво од било кога.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Ne čitaj sa usana. Usne izgovore stotinu laži. Čitaj iz očiju. Oči govore stotinu istina.

A post shared by Nina Badric (@badrich) on

ФОТО: Оваа македонска пејачка му е братучетка на Кире Лазаров

Како што пренесува естрадниот магазин „Ексклузив“, најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров е во роднинска врска со Антониа Гиговска, младата македонска пејачка.

Кире и Антониа се братучеди, пренесува естрадниот магазин Ексклузив.

ФОТО: Ана Николиќ објави фотографија без филтери

Пејачката Ана Николиќ сподели фотографија со фановите на која позира со својата ќерка додека двете уживаат во зимската идила.

Ана која беше критикувана за вишокот на килограмите и лошиот начин на облекување, на својот Инстаграм профил објави фотографија на која напиша дека е целосно без филтери.

-Без филтери, само без условна љубов, напиша пејачката, а таа заедно со малата Тара за само неколку часа имаат над 30 илјади лајкови.

Популарно