Почина актерот од „Вљубениот ерген“

Завчера на 79-годишна возраст во Истанбул почина турскиот актер и режисер Ферди Мертер или попознат како Хулси Ипликчи од хит-серијата „Вљубениот ерген“.

Тој го глумеше дедото на Омер, а целата приказна во серијата се одвиваше околу неговото наследство.

На социјалните мрежи актерската екипа од серијата се прости од својот колега објавувајќи фотографии од сцени од серијата.

ФОТО: Таа е убава актерка, деловна жена и мајка на три деца

Актерката Џесика Алба со својата убавина освојува многумина, таа е мајка на три деца и сериозна деловна жена.

Сепак, кога станува збор за талентот, многумина велат дека не се истакнува се некои актерски успеси.

37-годишната Џесика, позади себе има 30-тина актерски улоги, но според последните податоци се смета за актерка на која ѝ недостасува талент.

Според листата на најлошите филмови снимени во последните 20 години, на врвот се нашол оној на кој Алба ја има главната улога.

На второто место се нашла Џесика Бил, а на третото Хедер Грејам.

„Honey“, „Into the blue“, „Love Guru“, „Spy Kids“, „Entourage“, се само дел од филмовите во кои се појавува Џесика Алба.

ВИДЕО: Морган Фриман сними филм за Македонците кои лажираа вести за победа на Трамп

„Продавање лаги“ е краток документарец за мрежата на тинејџери во Македонија чии лажни политички вести имаа историско влијание врз американските претседателски избори во 2016 година. Филмот е во производство на компанијата „Ревелејшнс ентертејнмент“ на славниот холивудски актер Морган Фриман. 

Режисерка на филмот е Лесли Ајврекс, која во 2006 година била номинирана за „Оскар“ за краток документарен филм „Рециклиран живот“. 

- Во 2016 година стотици македонски тинејџери открија начин како да шират лажни политички вести на „Фејсбук“. Овој редок поглед во социјалната мрежа ја открива вистината зад овие лаги и го прикажува драматичното влијание врз Америка и претседателските избори во САД, велат од продукцијата.

ФОТО: Ова е сестрата на Кемал од Карасевда

Бурак или омилениот турски актер на жените познат по улогата на Бали Бег во Величенствениот и на Кемал во Карасевда која е хит на Сител, има мајка, татко и сестра кои не ги сакаат многу камерите.

Вака изгледаат тие.

Популарно