Ноќеска во вооружена криминална престрелка на улица Рузвелтова, во близина на крстосницата со улица Орце Николов, убиено е едно лице на самото место, а другите две подлегнале на повредите.
Престрелката се случила пред зградата на СЈО, кога едно возило во движење почнало да пука врз сиво возило во кое бил загинатиот.
Изрешетаното возило застанало пред кафулето Галери. Трите лица се загинати од кој едно лице починало на местото на пукотницата, а двете лица подлегнале на повредите во клиничкиот центар.
Неофицијално , еден од починатите е брат на познат лихвар, убиен пред неколку години.
Полицијата го обезбедува теренот и врши увид. Се уште не е познат идентитетот на жртвата и напаѓачите.
Наводно, полицијата брка едно возило во кое би требало да се наоѓаат напаѓачите.