Wizz Air повторно смисли начин дополнително да ви наплати!

Нискобуџетната авиокомпанија Wizz Air од 1 ноември ќе воведе нов правилник за багажот на патниците на нивните летови. Наместо досегашната голема кабинска торба (55x40x23cm), сега големината на дозволената торба е намалена на (40x30x20cm), Иако од компанијата во официјалното соопштение велат дека ова го прават за сите патници да можат да имаат рачен багаж во кабината на авионот, ниту авионите со кои се лета се променети, ниту просторот за багаж е сменет. Од вработени во компанијата дознаваме дека досегашното бесплатно чекирање на голема кабинска торба (55x40x23cm), преставуваше дополнителен трошок за авиокомпанијата и логистички кошмар за нејзините вработени. И покрај критиките на патниците поради редовното доцнење на летовите на компанијата од Wizz Air не работат на подобрување на услугата, туку додатно ги зголемија трошоците за летање. Затоа пред да патувате направете детална математика за цената на авионскиот билет која што со новите измени значително ќе се зголеми.



Во продолжение следува целосното соопштение од Wizz Air:

WIZZ AIR ЈА ПРЕТСТАВУВА НОВАТА ПОЛИСА ЗА БАГАЖ ЗА ПАТНИЦИТЕ

РАЧНА ТОРБА ЗАГАРАНТИРАНА ЗА СИТЕ

 Wizz Air, авиокомпанија со најбрз раст во Европа, и лидер во ниско- буџетни компании во Централна и Источна Европа, денес ја објави својата нова и транспарентна полиса за багаж, која е со цел за полесно чекирање на патниците и гарантира сите патници да имаат една бесплатна торба која ќе ја понесат со себе во кабината на авионот за сите летови на Wizz Air, почнувајќи од 1 ноември 2018.

Историјата на авиокомпанијата покажува дека повеќе од 10 000 летови годишно се подлежни на закаснувања поврзани со багажот. Фактите исто така покажуваат дека во изминатите 5 години, просечната должина на престојот во друга дестинација постојано се намалува и до сега секој трет патник на Wizz Air, купува карти за три или помалку денови. Како последица на краткото патување, патниците на WIZZ се пакуваат, лесно и паметно. Секој трет патник понесува рачна торба, додека секој седми патник се одлучил за рачен торба со тркалца кој може да се понесе на самиот лет.

Од 1 ноември, секој патник има право да понесе една беспатна рачна торба на лет (40x30x20cm), додека патниците кои имаат купено WIZZ Priority, ќе им биде дозволено да понесат и една торба со тркалца (55x40x23cm) во кабината на авионот. Базирајќи се на потребите на патниците и на новите стандарди на патување, Wizz Air воведе 10kg чекиран багаж кој ќе го олесни удобното патување на патниците со цени почнувајќи од само €7.

Новата фер и чиста полиса на авиокомпанијата е полиса со повеќе опции за патниците, која им овозможува на патниците на WIZZ да одберат од повеќе од 50 опции за багажот на лет и чекиран багаж според нивните индивидуални преференции. Јохан Еидхаген, Главен маркетинг директор на Wizz Air вели: “Патниците сакаат разновидни продукти и тоа е суштината на овој модел со ултра ниска цена, кој го применува Wizz Air. Сакаме да им ја понудиме на патниците најниската можна цена, како и транспарентен поглед во цената на картата. Под разновидни услуги и продукти, Wizz Air го демократизира начинот на патување и овозможува плаќање по потреба.”

Ги охрабруваме нашите патници да се пакуваат паметно и да купат WIZZ Priority, која вклучува бесплатна рачна торба (40x30x20cm), рачна торба на тркалца (55x40x23cm) да бидат понесени на летот, приоритетно чекирање и приоритетен влез со ниски цени од само €5.

Купените карти без WIZZ Priority пред 10 октомври за патувања после 1 ноември 2018 ќе бидат надградени со бесплатен чекиран багаж од 10kg, додека картите купени со чекиран багаж ќе бидат надградени со WIZZ Priority.

Wizz Air верува дека овој транспарентен и јасен пристап кон полисата за багаж ќе придонесе за поудобен и побрз влез во авион, подобро искуство на клиентите и во исто време да ги подобри перформансите на времето за полетување на авионите. Со поголема сигурност дека багажот може да се вклопи во авионот, и нов, поголем избор и опции за големина и тежина на багаж, потрошувачите сега имаат неверојатен избор на комбинации за да изберат.

Јохан Еидхаген додаде: „На наше огромно задоволство ви ја претставуваме нашата нова, транспарентна и „фер-за-сите“ полиса за багаж која ќе нуди најширока селекција на избор за багаж за нашите клиенти, воедно дозволувајќи бесплатен рачен багаж за секој патник. Ние сме убедени дека нашата разновидна понуда со повеќе од 50 комбинации на багаж ќе ги задоволи потребите на нашите потрошувачи на персонализиран начин и дека нашите патници ќе продолжат да плаќаат само за услугите кои они сакаат да ги користат. Почнувајќи на 1ви ноември ќе го направиме патувањето по удобно додека континуирано нудиме најниски можни цени за летовите преку нашата широка мрежа од 143 дестинации во 44 држави “

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Кучето кое беше злоставувано од сопственикот е на безбедно!

За случајот МВР поднесе пријава против 59-годишен жител на Крива Паланка со иницијали З.М., кој го влечел кучето врзано за своето возило. Малтретираното куче било фрлено во коритото на Крива Река, од каде било извлечено и згрижено.

Кучето од Крива Паланка кое било злоставувано од страна на сопственикот, донесено е во ЈП „Лајка“. Во моментов тоа е безбедно и ќе му биде обезбедена целосна нега и сѐ што е потребно за неговото опоравување, информираат од јавното претпријатие.

Оттаму додаваат дека благодарение на брзата реакција на граѓаните кои веднаш го пријавиле случајот, како и интервенцијата на пожарникарите кои го извлекле од провалијата, инспекторите и ветеринарните служби обезбедиле итна грижа и стабилизација.

-Овој настан е уште еден показател дека системот функционира кога институциите и граѓаните делуваат заедно – брзо, координирано и одговорно. Злоставувањето на животни не е изолиран чин – тоа е сериозен општествен проблем. Секое злоставување на животни мора да се пријави – веднаш и без исклучок. Само со гласна и одлучна реакција можеме да ги заштитиме најранливите и да спречиме насилството да се повтори, велат од ЈП „Лајка“.

Одговорноста, потенцираат, е заедничка – да изградиме средина во која и животните и луѓето живеат безбедно и достоинствено.

За случајот МВР поднесе пријава против 59-годишен жител на Крива Паланка со иницијали З.М., кој го влечел кучето врзано за своето возило. Малтретираното куче било фрлено во коритото на Крива Река, од каде било извлечено и згрижено. (МИА)

Популарно