Венди до Љубица: Како можеше да спиеш со Коњ?

Венди ја отвои приказната за Љубица и Коњ, затоа што на неа и е несватливо како може млада девојка како Љубица да има секс со Никола Јованичевиќ.

„Ја би те замолила да ми кажеш искрено, како можеше да имаш секс со асексуална личност? Какви флуиди испушта Цвоња, па те навлече на тенок мраз?, ја праша Венди.

„Знам дека ова што ќе го кажам ќе звучи лошо, но кога сум пијана не бирам. Се кајамбидејќи сексот траеше само 3 минути, да беше барем квалитетен па да не жалам“, одговори Љубица.

ФОТО: Најубавата скопска бизнисменка во БРУТАЛНО издание на Миконос

Македонија ја знае како Наташа Фигурела, поради истоимениот салон за убавина и специфичниот метод за слабеење за кој веќе две децении таа ја има лиценцата. Скопјанки доаѓаат кај неа да ги разубавува, но често и да се консултираат што таа прави за да изгледа така неодоливо.

Наташа Петровска дефинитивно е една од најубавите и најнегуваните жени кај нас, како одминува времето сите се прашуваат која е тајната на нејзината магнетска привлечност.

Доказ за тоа дека е уникатна во секој поглед се и најновите фотографии со кои ги почести своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм. Коментарите се воодушевувачки, нејзиното тело беспрекорно, а аутфитот како и секогаш…секое парче искомбинирано со вкус и по последна мода. Но најважен е начинот на кој се носат овие брендирани модели, а сензуалноста и грациозноста на Наташа е ненадминлива.

Погледнете како таа со другарките се забавува на островот кој важи за втора Ибица – Миконос

Бритни Спирс: Плачам пред да заспијам, ќе ми треба некакво чудо за моите емоции

Бритни Спирс откри дека плаче пред да заспие додека се бори со своите несигурности.

40-годишната ѕвезда сподели потресна објава со своите фанови додека се отвори за начинот на кој луѓето се прикажуваат себеси на социјалните мрежи и се присети на нејзините трауми од минатото.

„Тоа е лудо… социјални мрежи… животот на сите изгледа совршен и кога објавувам работи мислам дека најчесто сум целосно засрамена од моето минато… кој може да ги заборави тие документарни филмови?“ напиша таа.

„Така што, се трудам да објавувам дека изгледам најдобро или како може да изгледа добар живот… вистина е дека моето расположение е подобро, но засекогаш ќе бидам трауматизирана од моето минато искуство…

„Нема начин да го надминам сето тоа, моите емоции и чувствителност…терапија, сето тоа!!! Мислам дека ќе ми треба некакво чудо за моите емоции.“

Бритни потенцира дека нејзиниот живот не е како што изгледа во нејзините објави на социјалните мрежи.

„Мојот живот во никој случај не е совршен… Плачам додека да заспијам повеќето ноќи. Чувствувам несигурност.“

Видео: Славниот рапер 50 Сент со микрофон удри обожавателка

Познатиот рапер 50 Cent синоќа настапи во Лос Анџелес, каде за време на настапот фрли микрофон во публиката и во таа прилика удри една обожавателка.

50 Cent имаше проблеми со микрофонот за време на концертот, па мораше да го замени неколку пати.

Откако микрофонот што го користел престанал да работи, видно изнервиран раперот го фрлил во публиката.

На социјалните мрежи почна да кружи видео од овој настан. На видеото се гледа како 50 Cent менува микрофони, а потоа налутено фрла еден во публиката, наводно со него удирајќи една обожавателка во главата.

Подоцна било утврдено дека се работи за водителка која се здобила со повреди на главата, поради што завршила во болница, пишува TMZ.

Популарно