ФОТО: Бремената Тамара Тодевска на концертот за Тоше Проески

И тоа што е во последниот триместар од бременоста не ја спречи Тамара Тодевска да му оддаде почит на Тоше Проески и да запее на хуманитарниот концерт во негова чест.

33-годишната пејачка ја изведе песната „Најдрага моја“. На сцената, таа беше облечена во црно од глава до пети. Нејзиниот стајлинг вклучуваше кратко фустанче кое ѝ го истакнуваше трудничкото стомаче, црни чизми над колената и црно мантилче.

Повеќе фотографии на Фемина.мк

ФОТО: Вељко пресреќен ја бакна Богдана во трудничкото меше

Вељко Ражнатовиќ наскоро треба да стане татко по прв пат, а радоста за тоа не ја крие ниту неговата мајка,  балканската фолк дива Цеца, која ќе стане баба.

Цеца на својот Инстаграм профил сподели со фановите фотографија која и и ја испратиле  Вељко и нејзината снаа Богдана.

Новопечената брачна двојка на фотографијата е во домашна атмосфера, во домот на Богдана во село Тител каде се во изолација, а Вељко е клекнат и го бакнува нејзиниот труднички стомак. Еден бакнеж, за двајца.. И за неа и нивното бебе!

Колку се среќни и со колку возбуда го чекаат бебето, јасно  кажува сликата што Вељко ја објави на својот Инстаграм со следниот опис.

„Се надевам дека и вие ја користите оваа прилика во карантинот за да поминете драгоцено време со вашите најблиски. Ви посакувам многу здравје“ – напишал синот на Цеца и иден татко на својот Инстаграм.

ФОТО: Јелена Карлеуша ја разреши мистеријата за коронавирусот

Пејачката Јелена Карлеуша овие денови во карантин одлучи се повеќе време да поминува со своите фанови дружејќи се преку социјалните мрежи.

Таа овие денови освен што ги полуди со топлес фотографиите, вчера реши буквално да ги шокира сите. Имено таа на својот Инстаграм профил сподели фотографија со статус во кој пишува дека предвидува за 10 или 20 години сите да станат вегани.

-Корона, свински и птичји грип како и многу други смртоносни вируси не би постоеле да не јадеме животни. Моето предвидување е дека за 10 или 20 години луѓето ќе станат потполно вегани, вели таа.

(ВИДЕО) Ана Кокиќ: „Помогнете да се протурка овој тежок период“

Српската пејачка Ана Кокиќ објави снимка на својот Инстаграм профил и ги повика сите луѓе од општината Чукарица, кои се слободни да направат едно нешто.

„Драги мои, поради новонастанатата ситуација ве поздравувам од изолација. Ги повикувам сите мои соседи кои се слободни да се пријават во волонтерскиот центар од општината Чуакарица да им помогнат на нашите најстари сограѓани да го протуркаат овој тежок период“, рекла пејачкаа во своето соопштение.

Популарно